Малце сонце денес да фатиме..
Уште кога ги менував манжетните на полуосовините, при ставање на едната полуосовина, успеав да го цепнам семерингот на дифернцијал. Но биг дил, нарачав нов, Corteco и го сменив. После 3 дена, пак капки уље од мењач на бетон..ок, далеку помалку отколку со претходниот скинат семеринг, ама пак.. Испитав поасално, гледам, семерингот добар, ама тој стои на една фланша, која се штрафи со 4 штрафа на куќиштето од диференцијалот. Секако таа фланша морав да ја извадам за да го наместам семерингот. Таа па, да ти има едно гумено дихтунже, многу тенко, ама 80мм дијаметар, и не се наоѓа лесно.
Еве како изгледа тоа што го објаснувам:


Прво затегнав малце четирите штрафови, и скоро па убеден бев дека проблемот е решен, долго време немаше капка масно под кола (чудно за алфа).
Арно ама, малце ја напнав предходниов период, се извозе околу 1000км во еден месец, малце се „јачаше“ со забрзувања и „тестирање“, и од минатата недела ја паркирав пред гаража. Вчера ја вадам од двор, гледам пак уље на бетон

Проверката покажа дека повторно тече од спојот на куќиштето на диференцијалот со оваа фланшава, а не од семерингот. Нема везе, решен да го решам проблемот денес, се фатив за работа. Првиот пат кога ги видов капките по промена на семерингот, пред месеципол отприплика, додека браусав по eper каталогот за резервни делови, приметив дека има дихт маса (sealer) во комплетот (под 11 на сликата).

Браусање по парт намбер, откри дека е Loctite 510 flange seal. Е добро, ја немав Loctite, имам Elring, (го најдов со истиот парт намбер) па решив тој да го употребам. Се надевам, овој пат решението е трајно.
https://www.aecar.co.uk/products/rtv-silicone-sealant-lancia-delta-hf-integrale-71713687-71713687-71720318Ок, откако го завршив тој дел, а денов долг, додека чекам да се исуши дихт масата и да го вратам уљето во менувач, имаше време за уште некои ситници. Спомнав кога ги менував манжетните на полуосовините дека и манжетните на некои јабучици беа оштетени, па си нарачав од Тему интересно пакетче:

Еве како изгледаа манжетните на јабучиците од летва и од долна вилушка.


Иако јабучиците минатиот пат ги намастив убаво со нова маст, сега си добија и нови манжетни и изгледаат вака:


Успут, имав време и да ги прегледам дисковите и плочките. На мое изненадување, очигледно тие биле сервисирани во овластен сервис (или барем со оригинални Alfa делови.
Дискови Brembo (многу веројатно OEM):

Плочки 100% ОЕМ и тоа GALFER плочки, едни од моите омиени:

Измерив дебелината на дисковите, кои треба да се над 26mm, бидејќи микрометарот ми е до 25mm, морав со шублер, и користење на „калибрирани“ шајбнички со претходно позната димензија, (за да не фати шублерот на липчето):

Добро е, 26,3mm - уште 2 пара плочки ќе истераат - јер балкан!

А, да. не знам дали знаете, за разлика од денешниве модерни коли кај што освен нивото на водата во боцата за на пилатес и кросфит, на оваа кола може визуелно да се провери секое ниво на течност (освен за брисачи).
Ниво на уље во мотор - шипче,
Ниво на течност за хирдраулично серво - пластично шипче
Ниво на антифриз - min/max цртички на полу-транспарентен сад
Ниво на хидраулична течност за кочници, min/max цртички на полу-транспарентен сад.
и најинтерсено:

Шипче за мерење ниво на уље во менувач.
Откако вратив маслото, проверка на нивото покажа дека не сум изгубил многу масло по пат


Со тоа го затворам овој викенд.
Мислам дека сега ќе одморам малку, додека земам нови амортизери (и можеби Еibach спирали).
Интересно е како колава на многу „ќошиња“ е запуштена, а на еден куп други места се гледа дека е внимателно сервисирана. Ремени и затегачи одлични, веројатно ОЕМ, дискови и плочки ОЕМ, а од друга страна - рѓа наместо антифриз, црна течност за кочници, хлдањаче за греење у кабина кое течело со години, една здрава манжетна немаше на колава...
Моја претпоставка е дека првиот газда добро се грижел за колата, додека после тоа паднала во раце кои не биле доволно кадарни за овој тип на возило.