Автор Тема: Alfa Romeo 166 2.5 V6 24V - Busso Project  (Прочитано 27409 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2406
Одг: Alfa Romeo 166 2.5 V6 24V - Busso Project
« Одговори #210 на: 06 Мај 2026, 14:09:07 pm »
https://suchen.mobile.de/fahrzeuge/details.html?id=446187947&dam=false&isSearchRequest=true&ms=900%3B16%3B%3B&od=up&pageNumber=4&ref=srp&refId=d7025e7c-2ad9-c0d4-376d-79899a99dd37&s=Car&sb=rel&searchId=d7025e7c-2ad9-c0d4-376d-79899a99dd37&vc=Car

Еве ви
На 100к евра додади и царина плус 25-30.000 евра и таман :) , ама па 500 кс со 3,0 мотор, не ни знаев дека се произведува тоа, појак болид од Ф1 болид

На 82к нето цена рачунај уште 45к евра плус :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7804
Одг: Alfa Romeo 166 2.5 V6 24V - Busso Project
« Одговори #211 на: 06 Мај 2026, 15:51:49 pm »
Aко поминеш под 30, да си славиш втор роденден. На 55к возило, царина е 29 бона.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2406
Одг: Alfa Romeo 166 2.5 V6 24V - Busso Project
« Одговори #212 на: 06 Мај 2026, 16:11:47 pm »
Aко поминеш под 30, да си славиш втор роденден. На 55к возило, царина е 29 бона.

Пуштив јас пресметка пред месец дена за Џулија Ку-Ве што беше 57к нето, 30к беа давачки точно. Со сѐ транспорт и други рандом трошоци заокружи 90.



Среќа во несреќа па, надежно, нема во Мк да ја купувам :)

Му ја отрувме темата на Симо, може муабетов да се премести во таа за Увоз на половни возила

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44999
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 166 2.5 V6 24V - Busso Project
« Одговори #213 на: 10 Мај 2026, 22:49:25 pm »
Малце сонце денес да фатиме..
Уште кога ги менував манжетните на полуосовините, при ставање на едната полуосовина, успеав да го цепнам семерингот на дифернцијал. Но биг дил, нарачав нов, Corteco и го сменив. После 3 дена, пак капки уље од мењач на бетон..ок, далеку помалку отколку со претходниот скинат семеринг, ама пак.. Испитав поасално, гледам, семерингот добар, ама тој стои на една фланша, која се штрафи со 4 штрафа на куќиштето од диференцијалот. Секако таа фланша морав да ја извадам за да го наместам семерингот. Таа па, да ти има едно гумено дихтунже, многу тенко, ама 80мм дијаметар, и не се наоѓа лесно.
Еве како изгледа тоа што го објаснувам:





Прво затегнав малце четирите штрафови, и скоро па убеден бев дека проблемот е решен, долго време немаше капка масно под кола (чудно за алфа).
Арно ама, малце ја напнав предходниов период, се извозе околу 1000км во еден месец, малце се „јачаше“ со забрзувања и „тестирање“, и од минатата недела ја паркирав пред гаража. Вчера ја вадам од двор, гледам пак уље на бетон :(
Проверката покажа дека повторно тече од спојот на куќиштето на диференцијалот со оваа фланшава, а не од семерингот. Нема везе, решен да го решам проблемот денес, се фатив за работа. Првиот пат кога ги видов капките по промена на семерингот, пред месеципол отприплика, додека браусав по eper каталогот за резервни делови, приметив дека има дихт маса (sealer) во комплетот (под 11 на сликата).



Браусање по парт намбер, откри дека е Loctite 510 flange seal. Е добро, ја немав Loctite, имам Elring, (го најдов со истиот парт намбер) па решив тој да го употребам. Се надевам, овој пат решението е трајно.
https://www.aecar.co.uk/products/rtv-silicone-sealant-lancia-delta-hf-integrale-71713687-71713687-71720318

Ок, откако го завршив тој дел, а денов долг, додека чекам да се исуши дихт масата и да го вратам уљето во менувач, имаше време за уште некои ситници. Спомнав кога ги менував манжетните на полуосовините дека и манжетните на некои јабучици беа оштетени, па си нарачав од Тему интересно пакетче:



Еве како изгледаа манжетните на јабучиците од летва и од долна вилушка.




Иако јабучиците минатиот пат ги намастив убаво со нова маст, сега си добија и нови манжетни и изгледаат вака:





Успут, имав време и да ги прегледам дисковите и плочките. На мое изненадување, очигледно тие биле сервисирани во овластен сервис (или барем со оригинални Alfa делови.

Дискови Brembo (многу веројатно OEM):


Плочки 100% ОЕМ и тоа GALFER плочки, едни од моите омиени:


Измерив дебелината на дисковите, кои треба да се над 26mm, бидејќи микрометарот ми  е до 25mm, морав со шублер, и користење на „калибрирани“ шајбнички со претходно позната димензија, (за да не фати шублерот на липчето):



Добро е, 26,3mm - уште 2 пара плочки ќе истераат - јер балкан! :)

А, да. не знам дали знаете, за разлика од денешниве модерни коли кај што освен нивото на водата во боцата за на пилатес и кросфит, на оваа кола може визуелно да се провери секое ниво на течност (освен за брисачи).
Ниво на уље во мотор - шипче,
Ниво на течност за хирдраулично серво - пластично шипче
Ниво на антифриз - min/max цртички на полу-транспарентен сад
Ниво на хидраулична течност за кочници, min/max цртички на полу-транспарентен сад.
и најинтерсено:



Шипче за мерење ниво на уље во менувач.
Откако вратив маслото, проверка на нивото покажа дека не сум изгубил многу масло по пат :)




Со тоа го затворам овој викенд.
Мислам дека сега ќе одморам малку, додека земам нови амортизери (и можеби Еibach спирали).

Интересно е како колава на многу „ќошиња“ е запуштена, а на еден куп други места се гледа дека е внимателно сервисирана. Ремени и затегачи одлични, веројатно ОЕМ, дискови и плочки ОЕМ, а од друга страна - рѓа наместо антифриз, црна течност за кочници, хлдањаче за греење у кабина кое течело со години, една здрава манжетна немаше на колава...
Моја претпоставка е дека првиот газда добро се грижел за колата, додека после тоа паднала во раце кои не биле доволно кадарни за овој тип на возило.
« Последно менување: 10 Мај 2026, 22:58:57 pm Simo - Carrier159 »
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 927
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Alfa Romeo 166 2.5 V6 24V - Busso Project
« Одговори #214 на: 11 Мај 2026, 10:51:05 am »
Во иднина, за семеринзи, о-прстени и слични работи, провери во Интред, позади Вардар Мебел во Дебар Маало. https://oilseals.com.mk/intred/index.php?lang=mk

Неколку пати ми излегувал во пресрет, сум наоѓал семеризни и прстени кои ги немало за нарачка по продавниците за авто делови. Секако, треба да му дадеш конкретните димензии за семеринзите/прстените, а тоа лесно се наоѓа на нет.
Последен пат земав сет о-прстени за фланшите на менувачот на купето, слично како и кај тебе.