Вчера прва прошетка надвор од градов. Бидејќи веќе не маркираме територија со телесни течности, можеше да се пуштиме до Струмица и назад. Неочекувано успешно - може да кажам. Ај што стигнав до Струмица, туку и се вратив назад. И сите течности беа во кола, и сите цилиндри работеа и кога се вратив, и сите тркала на место беа!
Возењето го искористив, меѓу другото, и за да ја проверам потрошувачката на отворено. Досега, потрошувачката не беше мерлива, резервоарите се правнеа у лер, загревање, градско возење и слични споредни активности, а најмалку во возење.
Гориво наполнив на макпетрол на партизанска, низ Скопје поминав некои 15тина-20тина километри, и тргнав за Струмица. Таму стигнав, мерачот уште покажуваше фул. Знаев дека не е фул, ама колку има потрошено немав поим. Во струмица со некои стари пријатели, исто некое крукче, секако со газење и „слушање на виолината од аресе“. Назад, до Нецко во Штип, сеуште мерачот прилично високо - скоро до фул. Назад, од Штип веќе друг муабет! Буквално гледаш како паѓа стрелката за гориво. Место за паника нема, резерва не светнала, а и нема ваљда да потроши 72 литри...кај Миладиновци веќе сме на 1/4 резервоар

Нема везе, си терам накај Скопје, веќе пред Автокоманда, почнува стрелкава нагоре да оди

Терам накај бензинската на партизанска, да наточам до врв, да видам што вели прастариот борд, версус полнење на пумпа. Стигнувам на пумпа, веќе стрелката над половина резервоар

Полнам гориво пак фул, на истата пумпа, и резултатот е зачудувачки добар:
Потроши 10l/100км рамно!
Бордот, песимистички, но во децимали се разликува од потрошеното многу малку. Покажа 10.7л/100км.
Стариов компјутер, поточен од 90% од новиве модерни компјутеришта со екрани од лева до десна врата

Поминати 326 км вкупно, што е околу 50км градска и другото отворен микс автопат/експресен и регионален, што е одлична комбинација за да се испита реално возење.
Еве и едно сличе за потврда на резултатите (игнорирајте го саатот на алфата, муабет за друга тема е тоа):
