Доста интензивно се работи на купишта ситници:
Сменети сите ф-ин манжетни на полуосовини и летва, потрошено 1кг маст на сите зглобови, подмачкани јабучици, кај што може се закрпи по некоја манжетна на јабучиците, ќе пробам да си набавам само гумени манжетни, сменети чаурите на горните вилушки, сменет еден семеринг на полуосовина, сменета куплунг пумпа на мењач, пробав да го решам модулот за ербег - неуспешно, ќе мора да се купува на старо.
Генерално користени што поквалитетни делови, чаури за горни вилушки SKF, пумпа за куплунг Sachs, манжетни FAG и Febi итн. Сакам да си потраат.
А, да, ќе заборавев. Сменето и масло во менувач со соодветна Tutela Technyx.
Зачистено мрсното околу, и во мотор, ама тука ќе има доста борба, доста ганк се насобрало со годиниве.
Денес прв пат на четки кај
@Bu$aV MeGaNe и
@Dando, Скоро па успешно.... Не се распадна ни една пластика, ама се појави некоја капка од сончевиот кров

Можда не треба да ја форсирам на четки...
Она што приметив откако го подзатегнав подвозјето, колава нема веќе амортизери. Едниот преден дури го растурив да сменам лежиште (лагер), ама го вратив назад стариот, ќе се смени со нови амортизери. Овие се „празни“ и нефункционални. Тоа ќе биде следна голема работа, откако викендов ќе го сменам радијаторчето во кабина. Си има уште доста работа, ама полека полека, секој викенд е се подобра и подобра и повеќе уживам во колата:

