Не им се секирам, и 20.000км да истераат ќе биде доволно. Имам видено доста вакви чаури, овие се едни од поквалитетните.Да, слабо беа иницијално подмачкани, си имам искуство сите се слабо или ич подмачкани, затоа Tutela Zeta 2, тефлонска трака на металната пиксна и гарантирам повеќегодишна нормална работа на истите:
Еве како изгледаше пред:

Еве ги пред монтажа, си ги имаат и „крстчињата“ што задржуваат маст, пиксната исто квалитетна:

Секако не штедам кога подмачкувам убаво да си седи пиксната во маста:

И на крај вака личи кога ќе го средиш:

Инаку, викендов си се позанимавав со радијаторчето во кабина. Еден од најчестите проблеми на 166 е ова радијаторче. Кога ќе се расипе а често се расипува, се цеди антифриз во кабина и капе врз некои електрични компоненти (меѓу другото и ербег модулот), и ги уништува.
Добра работа е што не треба да се растура шалт таблата, туку се пристапува од под хауба. Лоша работа е што тешко се пристапува од под хауба, па можеби поарно ќе беше да се вадеше шалт табла.
Има миљарда хаутус по нетов, и многу малку слики за растурање, имам и фабричка документација, ама не е многу од помош. Луѓето што го праеле сами зафатов, мислам дека толку се исфрустрирани, што не стигнуваат слики да напраат за детално објаснување.
Како и да е, по два потрошени денови - еден за растурање и еден за склопување, денес конечно нема мирис на антифриз во кабина, и уште една течност помалку тече на 166-ката.
Еве што те дочекува кога ќе тргнеш пластиката под брисачите:

Све од внатре мора да се извади, механизам за брисачи, вентилаторот, кутијата со евапораторот од климата (го жртвував фреонот, не успеав да го спасам овој пат), еден дел со електрика - релиња и осигурачи исто така е сместен тука итн.
Исто така, и оноа што е пред лажниот фајрвол, што е закачено на усисната грана, заедно со садот за антифриз, се тоа мора да се демонтира и извади, за да може лажниот фајрвол да се бутне што поблиску до усисната грана, за да се направи простор.
Еве вака изгледа кога е сето тоа надвор:

Еве го расипаниот до новиот, сменет претходно, пошто нема фабрички ознаки, а по кодот најодв дека е продукт на NRF, сега се одлучив за Mahle (Behr):

Малце се крши филмот кога ќе видиш „мејдин чајна“ ама тоа е што е...
Враќање на место, колку можев исчистив, усисав ѓубрето, одзатнав асално одводот, средив малку каблите со нова платнена трака, зачистив конекторите на каблите, штрафовите за маса средени, ишмирглани клемите за маси секаде кај што можев да пофатам... и на крај вака испадна:

Секако, пред да ги монтирам пластиките, ја исчистив и шофершајбната, усисав ѓубрето и склопив назад. Убаво се уморив викендов.
Инаку, јас да сум механичар, за коли кои се над 20 години стари, 3 пати повисока цена би наплаќал. Секој чекор е при поправката е ризик и предизвик.