Секој викенд по некое штрафче се става

Прво се занимавав со отштрафени панели и разлабавени работи во внатрешноста, претходниот сопственик наместо да се посвети на средување на битни работи, како што се амортизери подвозје и слични работи, се фатил со „преуредување“ на внатрешноста.
Тргнал од тапацирање на „небото“, па сеа има „црно небо - бок те је*0“, па фарбани пластики од сиви во црни, па сменети велур седишта во кожни, па сменет патос од сив во црн, купишта незаштрафени штрафови од појаси до пластики по внатрешноста... Како и да е, ја доведов внатрешноста во пристојна состојба, личи на кола сега.
Генерално што е направено:
- Исчистен кожниот ентериер
- исчистени пластиките на вратите и шалт табла, стакла и сл.
- спастрен гепекот колку може, прицврстен акумулаторот кој беше ризично лабав, ставени тапацири,
- спастрни тапацири на врати, звучници, puddle lights и останати орнаменти,
- Средени сигурносните појаси, беа откачени и недобро стокмени, на задните седишта беа измешани лев/десен/централен,
- Вратен самозатемнувачкиот внатрешен ретровизор (бил сменет со обичен),
- Наместен сензорот за дожд - треба да се провери функционалноста,
и уште куп пластичиња и копченца низ внатрешноста, за да личи што е можно попристојно.
А да, сменет и филтерот за кабина, веројатно тој што бил на колава потекнува уште од времето кога била колата во Италија, пошто беше OEM Alfa Romeo. Погнасен филтер за кабина - не сум видел у живот!

Успут, од
@KaZaN го земав тоа BT - андроид ауто - FM трансмитерот, и колата влезе во овој век

Еве сличе, и спастрени се каблите, не се оставени така да висат.

Мислам дека внатрешноста веќе ја упристоив, останаа уште некои пластичиња да подзабришам и штрафчиња да подзаштрафам, ама тука веќе завршувам со ентериерот. Остана да истрејсувам што е проблемот со ербег сензорите, ми јавува грешки за три сензори: фронт краш лев и десен не се детектирани од ЕКУ-то, и исто така песинџер окјупанси сензорот јавува грешка.
Следни работи кои ми се во план пред да дојде зимата:
1. Да се смени хладњачето за парно,
2. да се измие системот за ладење, пошто течноста повеќе личи на мочуриште во алабама, а помалку на антифриз,
3. Да се смени уље и филтер за уље, евентуално уље во мењач. Филтерот за воздух, за разлика од овој у кабина беше неверојатно чист.
4. Да се смени глицеринот во кочници, да се одзрачат пумпите за куплунг,
5. Да се сменат скинатите манжетни на летва и на осовини
6. Да се нарачаат амортизери и пружини од дојчланд (за да се монтираат евентуално на пролет)
7. Да се проверат свекици и сл.
Работи кои се на список за решавање, уствари список на работи кои сакам да ги средам до пролет:
- Да се средат фаровите, десниот ми е изгледа енглески, а и многу ниско удира. Исто така и ожичувањето треба да се среди кај фаровите
- Да се симне предниот браник, да видам што станува со инсталацијата за прскалки за вода на шофершајбна
- Да се проверат повеќе позиции на електричанта инсталација, поради метанската инсталација некои позиции се врзани со изолир и со лустер-клеми, мора да се преправат, да се залемат убаво и да се изолираат како што треба.
- Да се средат 17-ките бандаши, да бида спремни за летна сезона
- Да се најдат тапацири за гепек, оние што фалат и биле уништени поради метанската инсталација
- Да се купат ситници-делчиња од ентериер кои се искршени или недостасуваат како касетата на шалт табла, кожинка за менувач/рачна
- Да се набават штопови на гепек кои не се испукани.
- Да се најде заден десен катадиоптер
Mожда нешто сум пропуштил, може и ќе излезат нови „позиции“ во меѓувреме, ама ова ќе ми служи како почетна листа за акција.