Се продава Lexus IS300h F Sport купен во Toyota Авто Центар, втор сопственик со целосна и навремена сервисна историја во овластен сервис.
Возилото е во највисокиот пакет на опрема и во одлична возна состојба, со поминати 136.500 км. Ставена е нова хибридна батерија на 101.000 км во гарантен рок.
Сменети дискови, плочки и ставени се нови целосезонски гуми Continental AllSeasonContact 2.
Не е потребно никакво вложување во истата.
Колата е каско осигурана во целиот период на сопсвеност и нема претрпено сообраќајни незгоди. Регистрирана е до 05.2026.
Се продава со цел купување на ново и поголемо возило.
Може да се види секој ден по 16 часот.
Ве молам без замени.
Цена: 22.500 еур.
Линк од огласот како и од соодветната тема за заинтересираните.
Ајде да го дискутираме и elephant in the room
Има 140к батеријата сменета на 100к што значи до следна промена ти останува уште 60к или отприлика 3 години. Само првиот пат е во гаранција и бесплатно но вториот пат тоа ќе кошта. Дали знаеш колку е цената за промена?
Гугл вика од 4 до 8к евра а тоа никако не е за занемарување.
Искрено не сум прашувал за цена ама претпоставувам дека е тука негде. Да тоа е слонот и затоа отворено се комуницира.
Ќе искористам една поговорка: Препоставката е мајка на сите зае*увања

Никој не може да предвиди колку ќе трае и дали воопшто би требала да се менува батеријата. Како што кажа и Jimny веќе секоја нова кола е mild hybrid што би значело дека има некој тип на хибридна батерија, разликата е само во капацитетот, така да било која кола што се продава на старо треба да биде ама што со батеријата?
Во тојота има hybrid health check кој може да се направи во секое време. Јас го правам на една година, исто така начинот на возење е многу битен за долговечноста на батеријата. Јас се сметам за педантен човек кој е љубител на автомобилите па така и се однесувам према возилата кои ги поседувам.
Сметам дека има и други работи кои треба да бидат фактор при одлуката и не треба да се гледа на работата црно/бело.
Знам дека тешко ќе иде продажбата, но не ми е зорт за продавањето. Реалноста е дека не ми се дава колата но огласот повеќе дојде затоа што се подновив со викендица на планина, па задниот погон може да ми прави главоболки зимоска.

Ако има заинтересирани може да се види колата и да се прави отворен муабет за сите работи.