Ви благодарам на сите за помошта, само да пишам дека Маздата е нарачана во мануал издание, во dark soul red боја и треба да стигне при крајот на годината.
Имавме проблем со бојата, сакаа да ја наплатат фул цена иако во промоцијата им стоеше како за беспари ама се исценкавме на крај.
Здравје да дојде и планирам и PPF или керамика да ја носам, читам секакви глупости за боиве на Мазда, дека биле многу тенки и се лупеле често.
Честитам на изборот! Со здравје да се вози!

Цената (22.590ЕУР) е одлична, во истата изведба во Хрватска седанот е 27.000ЕУР. Во однос на бојата, и јас имам читано исто, меѓутоа ја имам истата боја на постарата генерација, за 8 години и 117.000км, има неколку незначителни оштетувања од камчиња кои лесно се покриваат со touch-up kit. Никакво лупење.
Во однос на сервисот, на 120.000км, освен стандардно масло и филтри, се менуваат и свеќици. Ништо страшно. Обичен сервис со оригинал Маzda масло и MANN филтри мене ме чини околу 120ЕУР во сопствена режија. За кола под гаранција, плус 150-200 евра од ова еднаш годишно не е смак света.