веројатно само се наметнува 
после Леон спуштен со Ајбах, Алфа со спорЦко подвозје, БМВ со М подвозје, сите со нископрофилни гуми, па преод на подвозје од чамец и крофни гуми, само си доаѓа
Значи со СУВ дупките по патиштата стануваат фетиш.Бараш каде има подлабока и се засилваш да ја собериш онака абдалски или не е до толку работата?
Пошо по мое мислење колку и да е подобро чувството дека нема да ти закачи браникот или прагот,колку и да е помека вожњата споредено со спорЦки спирали,сепак трпи удари подвозјето.Трескање,скокање и сл. доаѓаат гратис.
Изгледа не се разбираме.На страна тоа што со Сув не можеш да скршиш лип или праг,едноставно е не пријатно возењето низ дупки.
Не дека СУВ е нешто супериорен во подвозјето споредено со нормален автомобил,посебно не оние СУВ кои станале СУВ-ви колку да се речи( пример Ајго со Ајго Х).
Јас ќе ти кажам мое лично гледиште. Јас со високово возило сега многу многу многу помалце ги осеќам дупките и тропањата споредбено со предходните возила што ги возев, или па сегашното со спортска суспензија (Леон ФР) и заради тоа возењето со СУВ-от ми е по релаксирано и тоа многу. Секако игра улога и типот на сув-от, суспензијата, гумите итн.
Секако дека гледам да ја избегнам дупката ако можам, али има патишта (како ПП-БТ кој го возам 1-наш неделно) кај кој е невозможно да ги избегнеш сите дупки и на такви е најјголемата разлика, барем за мене.
еве проба да нацрта колегата
не се фетиш, ниту гледам да ги ловам дупките
не намалувам непотребно бавно и не возам слалом за да избегнам дупки
кај нас за жал патиштата се такви какви што се, поситни нерамнини, премини на мостови и слично скоро да не се приметуваат
а секако возам внимателно без оглед што возам, затоа што сам плаќам за одржување и гледам да си го олеснам истото, не дека гас до сејф сити и држи право