Внимание: Во оваа тема не е пишувано повеќе од 120 денови.
Доколку не сте сигурни дека сакате да поставите порака, размислете за поставување нова тема.
Во петокот им се тупнав на Мотоцентар пред затварање и завршив работа за 20-тина минути и го сменив летниот сет со зимскиот.
Летниот до сега има поминато 13.406км и се ужасни. Од фабрика е дојден со тие, Dunlop Grandtrek и се веројатно некои еко-пластика што во веројатно освен производител никој понатаму не ги есапи како опција.

Повторно се појави истиот проблем кој претходно го потенцирав.
- кога го вратив летниот сет, имаше проблем да ги препознае сензорите за притисок. Оригиналните. За тоа беше потребна екстра екскурзија до сервис за да ги вчитаат. Кога ги ставив зимските гуми, немав таков проблем;
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Исто така ова се среди
- се појави неколку пати некоја грешка која пак ме праќаше кај дилерот, ама сама си се одстрани. Иако јави пар пати, се' функционираше како што треба;
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
но, фабричката навигација е нефункционална
бев еднаш до Тојота, за да прашам дали се средува со 2 клика
па требало одреден човек да види што се разбира во тиа работи
па отидов втор пат кога беше човекот таму и ми кажа дека нема DSM конекција и не може да превземе податоци и дека ќе треба да закажам да ја оставам за да го средат проблемот
не ја користам ниту навигацијата, ниту фабричката медија, туку Карплеј и приметив дека навигацијата не работи кога бевме на одмор и кога баш ми затреба, а не ми беше достапна
значи треба да закажам за да вчитаат TMPS сензори (пак) и треба да закажам за нешто што не ми се верува дека трае повеќе од 5-10мин.
не ми се закажува повторно и нека седат овие опции така нефункционални до веројатно нареден сервис
овие 2 со нефункционалниот безжичен полнач, прават вкупно 3 работи кои малку повеќе живцираат
инаку се експлоатира соодветно и си брка работа
собира позади МТБ само со преклопени седишта без да се вади тркало, собира веш-машина, собира комода, собира душек 200х160 превиткан на пола итн...
