На 05.05. прославивме прв роденден со тЦипот, па нека му е честит и да му се множат.
Регистрирана на 10.220км. Осигурања земав од Тојота затоа што дадоа најдобри услови, па регистрација без технички во ПСС.
Денес 14.05. после 10.816 поминати км, отиде на прв сервис.
Се заврши за 1 час и 8.770ден. подоцна.

На 20.04. (види фото пост погоре), направив 10.000км, па еден пресек како дополнување на претходниот на 5.000 како и 1 година сопственост.
Pros:
⦁ мнооооогу удобно и тивко возење. И мислев дека е доволно удобно, се додека не ги ставив зимските па на мнооооооогу-то му додавам уште 2-о; ✔️
⦁ огромна прегледност. Иако сум наместен да седам комфорно, прегледно е секоја страна, има големи стаклени површини, големи ретровизори, малите триаголни стакленца кај ретровизорите во оваа кола имаат смисла, камерата е со добра резолуција и одличен приказ и навечер; ✔️
⦁ иако по габарит и на хартија не делува така, има сосема доволно сила и за старт и за меѓузабрзувања, убава магија и синергија имаат направено јапанците помеѓу моторот и 2 х електромотори; ✔️
⦁ ова може ќе делува смешно на повеќемина, ама во Спорт мод е многу живчан одоносот на педал за гас и звукот на моторот е изненадувачки добар и длабок (а не доаѓа од звучници), сепак е 2 и пол хиљади кубици; ✔️
⦁ мнооогу ми се допаѓа Тојота интелегентниот систем за возење/сигурност, адаптивниот темпомат заедно со држење возило во лента итн. Работи скоро совршено; ✔️
⦁ знаев дека ќе биде економичен со оглед дека е хибрид, ама не очекував дека ќе биде толку економичен; ✔️
⦁ кога ќе преминам 85км/ч, добивам порака Windows are open. Close YES/NO и на еден клик се затвораат сите прозори; ✔️
⦁ не знам колку подобро свират JBL кои се како опција за музика во кола, ама фабричкото озвучување многу пријатно ме изненади; ✔️
⦁ кога се приближувам накај кола и клучот е во мене се палат внатрешните светла (пред да отклучам/отворам); ✔️
⦁ приклучокот за појас е обложен со платно, веројатно да не цвили и да не се уништува „кожата“ од трљање; ✔️
⦁ одлична фабричка навигација, лесно безжично поврзување со Carplay, прекрасен приказ со iOS26, информациите од мапите се пренесуваат и на дисплејот позади волан; ✔️
⦁ звукот на затварање на врати, длабок и мек, делува како да се работи за повисока класа на кола; ✔️
⦁ вратите ги покриваат праговите и истите не се прљаат, па нема проблем привлегување/излегување да се испрљаш со кал, вода итн.; ✔️
⦁ светлата се обични LED, ама се многу добри. Автоматските долги светла ми значат ептен; ✔️
⦁ иако екранот е голем за мој вкус, не смета при возење и УИ-то е фино средено со доволни големи иконки за да не промашиш нешто. ✔️
⦁ има амбиентално светло (не во врати) кое стварно фино изледа. Не е нападно, свети само сино и нема опција за менување. Пред да тргнеш со возење е за нијанса посветло и кога тргаш се стемнува; ✔️
⦁ полицата пред совозачот ептен брка работа. Прво мислев што кој QR тука оставиле вака, нели можеле поголема фиока да стават или подобро да го изведат, ама се навикнав и стварно е корисна; ✔️
⦁ воланот ми изгледа некако убаво и сите копчиња му се на место. Преслечен е од убав материјал, пак е некоја „кожа“ ама многу убава на допир, не е мазна и „мрсна“. Исто шалт таблата е преслечена со некаква рапава „кожа“, која продолжува и преку вратите и остава убав впечаток. ✔️
Cons:
⦁ нема поделени 2 мерења, едното може да го ресетираш како вкупен Trip, другото само се ресетира при гасње/палење; ✔️
⦁ се' нешто бипка, поголема брзина, појаси не ставени, напуштање трака...., дел се исклучува преку мени, за дел требаше интервенција преку ОБД; ✔️
⦁ стаклата не се затвараа/отвараа преку даљинско, средив преку ОБД; ✔️
⦁ нема избор на блицкања на допир на жмигавец, зголемив преку ОБД од 3 на 5; ✔️
⦁ ми фали потпора на долниот дел на нозете на седиштето, може се навикнав премногу на претходното; ✔️
⦁ напред е широко за седење и левиот порпирач за рака ми е малку подалеку од средишниот, не е симетрично, па често ја шетам левата рака и ја потпирам на волан или во скут; ✔️
⦁ безжичниот полнач е неупотреблив, полни споро, грее и цело време прекинува и бара подобро центрирање на телефонот врз него. Има копче на него со кое се сиклучува и го исклучив; ✔️
⦁ многу едноставен и основен приказ на податоци на средишниот дисплеј, нема некакви подетални прикажувања било за состојба на возило или подлабока анализа на потрошувачка, патување и слично. Со апдејт на iOS знае после 8-9 поврзувања да не го препознае телефонот и се средува со рестарт на телефон, очигледно е iOS багче;
⦁ гепекот е покриен со завеса, која не е никаков изолатор, па некогаш кога ќе оставам нешто ненаместено убаво, знае да ц'цка, тропа и да ме замара во тишината. Музиката покрива доволно, ама марфи вели дека секогаш непосакуваниот звук доаѓа кога тишината е најгласна; ✔️
⦁ полиците во вратите не се обложени со текстил/гума; ✔️
⦁ ми фали тркалцето од iDrive-от, многу поелегантно решение е отколку да маваш по екран (и се прља екранот); ✔️
⦁ иако е голем, можело малку поорганизиран да биде гепекот. Нема кукички, мислам дека нема 12V приклучок, има едно место десно преградено со мрежичка и место под подницата околу резервно тркало.
- Колата повеќе сака зимско сметање на време. Го приметив тоа и лани и сега кога се врати сметањето на времето како што треба. Имено, некогаш (не секогаш), саатот покажува 1 час назад. Саатот на колата. На Карплеј си е точен. Се синхронизира после 3-4мин. и покажува точно;
- десниот каиш (совозачкиот) кога се собира, често знае да е подзавртен и да удира во пластичниот столб додека возам и додека не напраам екстра потег за да легне како што треба;
- кога го вратив летниот сет, имаше проблем да ги препознае сензорите за притисок. Оригиналните. За тоа беше потребна екстра екскурзија до сервис за да ги вчитаат. Кога ги ставив зимските гуми, немав таков проблем;

- се појави неколку пати некоја грешка која пак ме праќаше кај дилерот, ама сама си се одстрани. Иако јави пар пати, се' функционираше како што треба;

На кратко, ми легна количето и служи повеќе од одлично за намената.
Стварно смешна потрошувачка има, ефтино каско, ефтин сервис, стрес-фри во поглед на дупки, тротоарчиња, простор итн.
Последниот резервоар поминав 900км до точење - патување до Гевгелија и назад, до Охрид и назад, плус локал.
И вика дека имало уште ца.5л во резервоар.

Вкупниот просек за една година односно нешто над 10.000км е:

Ако треба да споредам со другите возила за кои имам податоци, тоа изгледа вака по цена на километар:
- BMW - 59 надополнувања >просек поминати км на дополнување - 548км<> трошок по км - 7,44ден.<
- C1 - 37 надополнувања >просек поминати км на дополнување - 525км<> трошок по км - 5,19ден.<
- RAV4 - 17 надополнувања >просек поминати км на дополнување - 667км<> трошок по км - 4,84ден.<
Во трошокот ставка е само горивото.
Додека бев на сервис го разгледав новиот РАВ4, седнав, се проврткав.
КОлку приметив, беше со ниво на опрема над основното и изгледа очајно (внатре).
Не знам која им е политиката да донесат на премиера на нов модел во таа опрема, ама веројатно очекуваат дека тоа што е во боја (црвена) и бандажи, само ќе се продава.
Она што е кај мене обложено со кожа тука е пластика, ама пепељара тврда пластика, и на шал-таблата и на вратите. Во 2 нијанси сива. Седиштата со штоф. Цена далеку повисока...
Како резиме, не се каам воопшто за изборот пред една година и ќе си тераме и понатака да се дружиме.
Презадоволен сум и ги надмина очекувањата кои ги имав за овој тип на возило.
Секако за лечење депресија имам бек-ап

ама за фамилија ова си е идеално возило


Клаберски поздрав 🫡