Еве и јас да се вклучам во дискусија за да му го изреметиме планот на човекот кој и онака не знае ниту што би земал ниту кого да слуша. А праша да се сподели лично искуство, а не рекла казала од баба на стрина и 50-те километри на
@Jimny извозени со Шкода 110

Јас поседувам две возила од Стелантис групацијата, така да ја наречам.
Едното возило е Peugeot 2008 GT - 2021 год, поминати околу 28 000 км, колата купена со 4 години гаранција или 100 000 км (Ако не беа и повеќе).
Вози мотор 1.2 PureTech со 3 цилиндри 130 кс и ребраст потопен во масло, за мотор кој плукаат хејтерите за оваа групација. За овие 3 ипол години не сум имал никаков проблем со возилото. Се надевам така ке остане и понатаму.
Од Пежо возила сум имал и 306 и 206, купени на старо, и со нив сум имал еден тековни глупости и проблеми предизвикани од старост и несоодветно оддржување. Тие возила биле купени со километража: едното од 150 000 км па нагоре, а другото наводно 52000, што ми е малку сомнително но....Небитно.
Од 2008-цата сум стварно задоволен како од простор, возење, удобност, квалитет на материјали од кои е изработено итн итн. Имај на ум дека зборувам за највисоката GT изведба кај која изработката е условно кажано скроз различна од онаа со пониско ниво на опременост.
Исто така поседувам нов Цитроен C3 со 1.2 PureTech мотор со 82 коњски сили со ниво на опрема YOU. Возилото е со поминати приближно 4500 км, до сега без некакви проблеми. Генерално моторот е истиот, се разликуваат типовите и изведбите дали е со турбина, итн итн.
Цитроенот има многу мека вожња и е прилично лагодна.
Квалитетот на материјалите е тотално различен и на неколку нивоа под оној на 2008-цата. Повторно ке речам станува збор за највисоко и најниско ниво на опрема.
Кога се седнува од едното во другото возило, едноставно гледаш дека станува збор за две различни класи на возила, ова го кажувам заради тоа што сите ги поистоветуваат Пежо и Цитроен дека се исти возила, а сепак сајд бај сајд кога ги споредуваш со различни пакети, немаат врска едно со друго.
Пред да ја земам Ц3, активно ја разгледував и Ц4 но ми требаше помало градско возило, и заради тоа се одлучив за него. Плус се разбира ценовната разлика исто имаше улога. Гранција Цитроен нуди малку поразична од Пежо, се зависно од моделот и од поминатите километри и се разбира во временскиот период. Ако се сомневаш во било каков проблем со возилото, можеш да си доплатиш за продолжена гаранција, цирка 200-300 евра за гаранција до 5 години. Имаш табела на официјалниот сајт, можеш да ја погледнеш.
Ц4 по мене е одлично возило и до некаде можам да кажам дека нуди релативно солидни материјали за цената по која се нуди на пазарот. Има многу интересен и специфичен дизајн, што не значи дека на секого би му се допаднал. Возилото е удобно, просторно и комфорно.
Моторот е истиот кој се вградува во цела Стелантис групација. Пежо, Цитроен, Опел итн итн итн.
Моторите имаат проблем ако не се одржуваат прописно, односно доколку не се придржуваме до препораките од производителот за сервисните интервали за промена на филтер за масло и масло. Многу често ние како најпаметна и најмудра нација сме поголеми владики и од папата, па повеќе знаеме и од инжинерите во фабриките каква градација на масло и кои спецификации да ги ставиме, секако од наше животно искуство.
И плус да купиме филтер за 300 денари од одреден бренд, зошто во продавничката ни кажале дека се прават филтрите во истата фабрика и се прва уградња ама различно ги печатат. И зошто да ни наплатат филтер за масло во официјален сервис од 680 денари кога со тие пари 2 пати може сервис да си направиш.
Итн Итн да не ја должам...
Од друга страна Шкода мене лично не ми е омилен бренд, прво заради дизајнот кој ми е преконзервативен, а и од тоа како е изработена. За тие ТСИ мотори кои ги ставаат во колата исто така имаш еден куп хејтери, веројатно од спротивната страна кои снимаат клипови и подкасти како тие се најголемо ѓубре од мотори итн итн...
Или наросдки кажано секој циган си го фали својот коњ.
Тука некој го предложи и Хјундаи, Бајон, многу убаво и привлечно возило, и ако буџетот ти дозволува, незнам која е цената, би ти препорачал да го погледнеш и него.
На крајот земи она што ти се допаѓа највеќе, земи максимална гаранција која ја нуди производителот, и следни 10 до 12 години со поминати 7к километри и редовно одржување нема да имаш проблем со ниедно од овие возила.
И најважно од се, без да гледаш и слушаш што велат другите, кога ке излезеш на улица и кога ќе си ја погледнеш колата, да си речеш: Колку ми е убава колава....