Да пишам повратна информација за изборот...
По релативно долго размислување, истражување и шетање по салони се одлучив за Шкода Kamiq, ќе ја земам од
@andrej_111 . Колава едноставно ги штиклираше сите ставки кои ги барав од една нова кола. Патем, гледав и половни (2-3 години стари), можам само да кажам дека не се нормални цениве на половните возила, едноставно не се исплати ризикот која се презема и меракот кој се губи за некоја минималната заштеда во однос на нова кола.
Со оглед што многу се чека за достава, да сме живи и здрави ќе известам кога ќе ми стигне, некаде Април-Мај. Благодарност до сите што учествуваа во темава со свои мислења, а собено до за Андреј кој досега беше најпрофесионален и најкоректен од сите дилери по салониве.