Животот тече, километрите и времето минат па дојде време за ставање на летни гуми.
Постоечките летни гуми беа во прилично лоша состојба, особено задните заради нагибот на тркалата па оваа година дојде редот за менување на летни гуми.
Во изборот влегоа Michelin Pilot Sport 4 SUV, GY Eagle F1 Assy 6 и LandSpider - No Way Home.
Изборот падна на GoodYear Eagle F1 Assy 6. Се решив за оваа гума заради гаранција од 365 дена што следуваше со неа, за било какво оштетување каде што гумата не може да се поправи (дупка на лошо место, скината гума, искривена гума...следува нова гума без многу замарање.
Гумите се во димензии 305/40/20 XL задни и 275/45/20 XL предни. Истите се земени од Марели - Велес, дечкото даде најјдобри цени и услугата беше супер.
Од други случувања со колата е дека ставив и нова шофершајбна. Старата ми пукна после удар на камен од камион. Првично се направи само мало дупче, но заради пре ниските температури надвор и големите внатре пукнатината се прошири и се направи цела линија.
Промената беше направена во М-Кар заради тоа што сакав да е ОЕМ дел за да нема проблеми со хед-апот, да си биде акустична и секако зошто не плаќав јас.
Од услугата и промената таму сум задоволен, нема апсолутно никаков знак дека менувале или правеле нешто на колата. После промената колата беше ставена на калибрациона мрежа за да се прекалибрираат камерите за матриксот и останатите сензори што се наоѓаат во шофершајбната.
Тоа е тоа, за брзо следува редовен сервис и може ќе си ја проба среќата на оглас, доколку некој се реши да даде пари а не замена.
Колата моментало има околу 144ккм. Со зимските гуми се поминати околу 8000км.
Еве неколку слики за да си ги исплакнеме очите после толку многу зборуење за Опел

Слики од промената на гумите:





Слики од шофершајбната.
Пукнатината:

И потоа



И некое рандом сликиче:
