Автор Тема: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.  (Прочитано 1319 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« на: 29 Септември 2024, 15:49:38 pm »
Да го предствам новиот семеен љубимец, Пежо 308 караван, 1.6 хди, 92кс, 2014г. Поминати 192.000км, колку е точно никој не знае.

Се се случи така брзо, положи лепша половина, требаше нешто да може да го вози, а и мене ми требаше нешто поекономично, поминуваме километри во последно време и низ град, и надвор.

Разгледувајќи, елиминирајќи коли до 105кс, во потесен избор останаа Форд Фокус, Шкода Фабиа и Пежо 308 каравани. Ако не е караван, не ми е комплетна колата

Колава е од плац, 2018г увезена од Франција, поради купена нова 308ка, го оставаат ова за продажба. Сооственикот летово бил на одмор со колата и поминал 1500км, рече се е ок. Прифатена ми е Либрата во замена за солидна сума. Ниту тој ниту јас не ги проверивме колите доволно, туку онака површински. Кој на кого му го начука, ќе видиме допрва.

Пакет на опрема е STYLE.
Тоа што можам да забележам од оорема:
- ЕСП.
- Климатроник.
- Централка со далечинско.
- Автоматски светла.
- Сензори за дожд, најважните за мене.
- Лед дневни светла.
- Магленки.
- Паркинг сензори.
- Стаклен кров.
- Темпомат.
- Child lock.
- Електрични ретровизори.
- Склопливи ретровизори.
- Тонирани задни стакла.
- Некои ролетни на задни стакла.
- 12в приклучок.
- Усб има некое ама само за полнење е изгледа. Нека ми каже некој ако е за нешто друго.

Друго не знам што спаѓа во опрема, не знам дали има есп, аср.

Аудио системот е тиња. Ќе се интервенира тука сигурно, после Босето во Либрата, не можам да поднесам ваков пад.

Големо освежување е колава за мене, едноставно доста работи беа нефункционални кај Либрата, тука се си функционира и ми дава чувство на лагодност и задоволство.

Силата на моторот секако е неспоредлива со Либрата, но си има моторов сила, и свој начин на исфрлање на таа сила. Задоволително е, прави колку толку мерак, допрва треба Фтора да му ја закачам на Плетвар па да се види

Нормално како понова кола, си има подобра изолација покрај која сепак моророт е бучен. Ја крие добро брзината, доста мирно на 150 км/х, како 100 да возиш.

Некако фино возилцево, цакано, да не речам нежно.

Потрошња не сум мерел. Ќе ја танкирам фул неделава па ќе видиме.

Од сервис нема ништо направено, така да веќе побарав понуда за голем и мал сервис. Како што ми се гледа, со следното менување плочки ќе се менуваат и дискови.

Толку засега, не знам што пропуштив.
Повеќе слики дополнително.










« Последно менување: 08 Октомври 2024, 08:53:05 am pirat_07 »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #1 на: 29 Септември 2024, 17:04:05 pm »
Честито! Огромна промена од Либрата, ама па поново си е поново. :)

Со здравје и мерак да си ја возите и на убави места да ве носи.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #2 на: 29 Септември 2024, 17:11:37 pm »
Арно си се отарасил од либрата,пошо ретко некој да се нафати да земе постаро возило во замена,уште потешко да продадеш.
Е сеа за звучките тука нема споредба со босе,и кај мене се "куртонски" звук на 307 редизајн.
Моторчето е еластично и економично,немаш утка.
Убаво изгледа,со здравје да се вози.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #3 на: 29 Септември 2024, 21:34:02 pm »
Со здравје да се вози.Провери го сито-то за масло да си раат пошо знам дека 1.6 страдаа од таа работа.
« Последно менување: 29 Септември 2024, 23:57:32 pm MecheTo »
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #4 на: 30 Септември 2024, 13:37:03 pm »
Со здравје да се вози и да се ужива!
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #5 на: 30 Септември 2024, 13:48:56 pm »
Создравје да се вози и убавини да му видите

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2082
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #6 на: 30 Септември 2024, 14:09:14 pm »
Само радости Французот да ти носи баш е порно ака волво караван

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #7 на: 01 Октомври 2024, 13:04:09 pm »
Со здравје да се вози!
Мене ептен ми се допаѓа овој модел, сега мерак на очи прави новиот.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #8 на: 08 Октомври 2024, 08:52:20 am »
Фала ви на сите, да ви се враќа со убаво.

Нежно, фино, искултивирано, цакано количе. ОооОооогромен багажен простор, од кука нема потреба.
Убави фарови, јасни, конкретни, бистри. Фалат подобри сијалици. Седиштето ми е чудно, како да седам површно, не ме гушка и не ја осеќам страничната поддршка, можда има некој сетап што не сум го открил сеуште...

Закажав голем и мал сервис поскап од Ланчиата.
Со куплунг шајба, затегач некојси на алтернаторот дополнително настрана од сетот, уље 5/30 и работна рака - 24,000мкд.

Тамам ќе се проверат кочниците и подвозјето и ќе видиме што е следно.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #9 на: 08 Октомври 2024, 17:06:51 pm »
Две работи треба да провериш на моторов и ќе си тера долго време:

- сито на влезното маслено црево на турбината (го спомна и Мечето погоре), или да се стави ревидирано со поголеми отвори, или да се извади
- бакарни шајбни на дизните - овие ќе видиш дали треба да се менуваат ако има гориво некаде по моторот, најчесто се собира во вирчиња околу дизните.

Се останато на моторов е издржливо, така да ќе си тера.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #10 на: 09 Октомври 2024, 10:24:00 am »
Супер количе. Ама да те пецнам после lancia, се помири да возиш француз.:D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #11 на: 15 Октомври 2024, 14:32:16 pm »
@MartinAlfista Благодарам, ќе се провери.

@stefanel984 Нема Ланчиа понов семеен караван, иначе не би менувал.
Се што беше малку прифатливо, беше Делта, Муса, ама покрај тоа што се мали за нас, според мене не и се до колена на Либрата.

Ќе морам ремап да му мавнам и звучки да го наредам, не се трпи  ;D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #12 на: 15 Октомври 2024, 14:41:14 pm »
Ај како што е редот да почниме...

14,10,2024 направен голем и мал сервис:

Сет ребраст каиш и затегачи.
Водна пумпа.
Куплунг шајба.
Затегач на клинест.
Клинест каиш.
Уље 5/30 и сите филтри.
Антифриз.

Километри 193354.

Гаранција 80,000км или 4 години.
Мајсторот не сакаше да ми каже што брендови ќе ми монтира, мој човек е, верувам во него, не користи најевтини опции.

Со работна рака ме чинеше 24,200 мкд.
Според мене скапо.

Проверени подвозје и кочници.
Засега се е топ.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #13 на: 15 Октомври 2024, 15:38:52 pm »
Боме, солено.

Наздравје. Раатот нема цена.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #14 на: 15 Октомври 2024, 15:56:03 pm »
Пират, мислев alfa, нешто такво. Хехе jaguar некој. Не е лошо и ова што си го одбрал.