Ситуацијата со половниот сепаратор е малтене иста, односно системот е таков каков што е, на самиот одушак има сепаратор, во него има мембрана и ПЦВ вентил но не си ја вршат соодветно работата.
Доказ за тоа се и разни теми по фиат форуми каде што едноставно сепараторот пропушта масло преку поголемото црево што тргнува од сепаратор и се поврзува со големото усисно црево одма пред турбото.
И таа количина на масло турбото ја повлекува и ја носи директно во усис и заедно со мешавината од воздух и бензин ја согорува.
Нема едноставно нема решение, и по форуми (и јас истото го искусив) и нов сепаратор да ставиш или да се отвори постоечкиот, исчисти, замени нова мембрана, пак после некое време по старо ке се врати.
Најзабележително е кога се вози на моторно кочење по удолница и тогаш кога на рамно ке се додаде гас, сето тоа масло се повлекува директно во усис и некаде 2-3 секунди има плав облак додека таа количина согори и потоа нема никаков проблем.
Единствено решение е ставање Oil Catch Can помегу сепараторот и усисното црево пред турбото, друго решение нема.
Препорака за каков Oil Catch Can да барам ? И ризиците кој ги носи со себе ? Знам дека зимно време може да се собира повеке, особено кондензат и истурање на вода, ама мене не ми е проблем еднаш неделно да си проверувам, секако постојано си проверувам и ниво на масло, глицерин, антифриз и редовно си проверувам дали од некаде од некое црево прокапува било што.