Автор Тема: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.  (Прочитано 1320 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #15 на: 15 Октомври 2024, 16:32:36 pm »
Ај како што е редот да почниме...

14,10,2024 направен голем и мал сервис:

Сет ребраст каиш и затегачи.
Водна пумпа.
Куплунг шајба.
Затегач на клинест.
Клинест каиш.
Уље 5/30 и сите филтри.
Антифриз.

Километри 193354.

Гаранција 80,000км или 4 години.
Мајсторот не сакаше да ми каже што брендови ќе ми монтира, мој човек е, верувам во него, не користи најевтини опции.

Со работна рака ме чинеше 24,200 мкд.
Според мене скапо.

Проверени подвозје и кочници.
Засега се е топ.
Мајсторот или гради куќа или има уплатено зимување во куба

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #16 на: 15 Октомври 2024, 16:55:17 pm »
Шо знам, како што ги гледам цените, не ќе да е така.

Скапичко за одржување.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #17 на: 15 Октомври 2024, 17:48:58 pm »
Бош најскапиот е 11.000 ...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #18 на: 15 Октомври 2024, 18:28:55 pm »
Сега средена по пропис, само да се вози. Мислам дека цената на големоиот сервис е горе доле таа. Јас пред 5 години за истото платив 18.000 денари, така да, сега со инфлацијата и цените во лудило, би искочило некаде околу 21-22.000 денари (ова за 1,5 дци 2007 година се однесува).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Peugeot 308 SW, 1.6 HDI, 2014г.
« Одговори #19 на: 15 Ноември 2024, 11:20:59 am »
По првичните мерења, просечна потрошувачка 6л/100км.

Тука имаме 40+% тешка градска вожња и едно Кавадарци - Скопје - Кавадарци 120-140 км/х.

Очекував поекономично да биде...
Ќе јаде Цератек + адитив за дизни, а и една дијагностика на дизните.