Автор Тема: 2020 BMW F87 M2 Competition  (Прочитано 125786 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45302
  • Il Moderatore
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #840 на: 21 Октомври 2026, 07:30:38 am »
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4269
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #841 на: 21 Октомври 2026, 08:36:45 am »
Печен си за новата X5 ти, само уште го немаш сфатено тоа :D

Стискаш дугме, врата се отвара, стискаш кочница оп врата се затвора а ти не си мрднал!
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7664
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #842 на: 21 Октомври 2026, 09:02:36 am »
Печен си за новата X5 ти, само уште го немаш сфатено тоа :D

Стискаш дугме, врата се отвара, стискаш кочница оп врата се затвора а ти не си мрднал!

Напушти ја темава, ако не ти се свиѓа не коментирај.  ;D ;D ;D

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 693
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #843 на: 21 Октомври 2026, 10:52:08 am »
Ако за такви банални работи имаат грешна информација од старт, единствено ме плаши ownership experience за таква кола под гаранција тука.
И јас сум се чудел како во салон, одговорни за продажба, незнаат основни имформации за модели што ги има нивниот бренд... дури се расправале со мене како такво нешто не постоело :)

RS5 за жал ми ја уништија како опција со тежината од 2 и пол тони и хибридниот погон. RS3 е последното забавно Ауди што остана со петте цилиндри

Мене повеќе мерак ми прави RS5 фејслисфтот после 2020та... а моторот од RS3 во форменторот има добро легнато :)
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7943
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #844 на: 21 Октомври 2026, 13:35:06 pm »
Ако за такви банални работи имаат грешна информација од старт, единствено ме плаши ownership experience за таква кола под гаранција тука.
И јас сум се чудел како во салон, одговорни за продажба, незнаат основни имформации за модели што ги има нивниот бренд... дури се расправале со мене како такво нешто не постоело :)

RS5 за жал ми ја уништија како опција со тежината од 2 и пол тони и хибридниот погон. RS3 е последното забавно Ауди што остана со петте цилиндри

Мене повеќе мерак ми прави RS5 фејслисфтот после 2020та... а моторот од RS3 во форменторот има добро легнато :)

Ретко кој инвестира во обука на продажниот кадар. Добар дел и не веруваат во такво нешто, туку дека брендот продава.

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7153
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #845 на: 21 Октомври 2026, 13:58:48 pm »
Лично јас немам доверба во ниту еден овластен сервис.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3548
  • Хюндай Тюсон
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #846 на: денес во 08:24:20 »
Не е поентата дали веруваш или не туку дека добиваш документ кога ја оставаш колата и имаш некое повисоко ниво да се жалеш за истиот ако нешто се заебе. А не како друг мајстор ако му оставиш кола да не добиеш никаков документ за прием.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30902
    • CARclub.mk
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #847 на: денес во 09:36:22 »
Од неофицијалниот сервис, најдоброто нешто на кое можеш да се надеваш ако дојде до проблем е морална поддршка. Ретки се независните сервиси и мајстори на кои им верувам.

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7153
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #848 на: денес во 10:11:53 »
Доволен доказ е Диме-Чек Енџин, колку возила “сервисирани” во овластен имаат фабрички филтри, видеата не лажат. Исто така често сум во Фиат сервис (често откажуваат службените комбиња, 8/10 се со сменет мотор на 100к км), па гледам какви дубари се прават, масло не се менува (се тужеа и газдата доби), само се ресетира компјутерски, а сервисот наплатен илјадници евра.

Во Тојота конкретно на Lexus IS250/350 се менуваат само двете свеќици (ако добро памтам на левата страна на моторот) бидејќи тие се достапни без демонтирање на усисна грана (доказ ми испрати претходниот газда, во сервисната книшка пишува сменети свеќици, а уствари тие се распаднале), исто така тие случаи се документирани на странски форуми.

Само напишете на Фејсбук Check Engine Garage и погледнете неколку видеа (поучните секако) на колку возила им е наплатено промена на масло во халдекс и халдекс пумпа, а таа не е променета и има талог.

Ах, да, заборавив. На форумов имаме пример за “сервис” на автоматски менувач на Lexus IS200, непроменето масло, сервисот дебело наплатен. Исто така и цитираниов случај…

Секогаш ја кажувам приказната дека Јарисот од сопругата кога земав ја да берам гајле за одржување, инаку откога купен сервисиран во Тојота, кога земав сам да менувам филтер за клима, што да видам, го немаше. Го украле мајмуните или заборавиле да го стават.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4766
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #849 на: денес во 11:21:02 »
Јас знам за приказна дека типче ги обележал сите делови што треба да се сменат на редовен сервис со УВ маркер, невидлив. Се работело за филтри, ефтина работа. По зимање од сервис, одма проверка со УВ лампа, филтрите истите. Одамна е ова, преку 15 години можеби.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2691
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #850 на: денес во 12:41:15 »
Да се разбереме и јас немам многу доверба во официјалните сервиси кај нас особено кога се работи за high performance возила што се ретки кај нас. Со исклучок можда Порше за 911ки зошто не верувам друг да има обучен за нив (а богами како што гледам, не се ни ретки низ Скопјево). Ама првите две години додека е под гаранција нема друг избор.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15362
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #851 на: денес во 13:27:44 »
Јас лично имам полоши искуства од неофицијални сервиси каде што ја оставаш колата па не ти менувале.

Освен сам ако не си смениш, не можеш да имаш доверба во никого, за жал.

Едино ете нешто ако се зафркне колата, а е одржувана во официјален сервис па да им укажеш дека е нивна одговорност, ама тоа е нормално тешко за докажување.