Си закажав утре во Мотоцентар Ист Гејт за враќање на летните бандажи и гуми. Немам планови за одење на подолг пат минимум до 20ти март, а времево ќе биде супер периодов па ќе има прилики да се искористи за некоја кратка вожња да се загрее колава од зимски сон. Зимава 1000 километри дали поминав, едно одење до Солун и назад и неколку пати накај Козјак. Зимските гуми се одлични за зимски услови ама ич не ми прават кеиф за да излезам и да ја возам од мерак.