Јас нарачав за точакот од 1-10 њутна момент клуч, ме фати некои си 4500 денари со испорака преку краго, и курирот ми вика што е ова толку скапо а вака малечко хаха. Кај нас да не знае некој каде има за рекалибрирање, имам 3 момент клуча што претпоставувам ќе треба барем на година, две да ги рекалибрирам, иако не се користат многу.