Денес сум ептен среќен, начекав одличен дил за дел кој одамна ми е желба, но од којшто се имав откажано. Се работи за оригинална карбонска хауба од BMW M2 CS, оваа со отворот за воздух напред:
.jpg?t=165405977431)
Еве и како изгледа одоздола

Бев откажан бидејќи цената на нова од БМВ на овие е луда, 5000 евра и нагоре зависи од кај ја нарачуваш. Оваа што ја најдов е од дечко во Германија што работи во БМВ салон, ја купил за неговата и во меѓувреме ја продал колата.
Хаубата е во Misano Blu боја и (за жал) ќе мора да се префарба. Викам за жал пошто Misano Blu е една од најубавите БМВ сини бои и ми е криво што ја немало на Competition.

Заштедата во тежина е околу 10 килограми (19кг на фабричката челична, околу 9 карбонската).
ЕДИТ Еве и поубава слика на сонце од како би изгледала:
