Toa MCARD е набезвезната работа што е некогаш измислена. Даваш при-пејд картичка за да ставаат кредит на неа и посебен терминал за наплаќање со неа.
Не им текна Visa или MasterCard терминал да извадат пред кабина? Пак истата работа ќе ја завршиш со многу помалку чекори.
Друга работа, заглавени сме во 20ти век со патариниве за влез и излез на секоја делница. Во Словенија иако за колите земаат вињетка, автобусите и камионите плаќаат со таг. Како што има столбови за SafeCity камери кај нас, така кај нив на одредено растојание има скенери за тагот што земаат пари од него. ПРИ ПОЛНА БРЗИНА од 90 км/ч. Ваков систем е во план да се воведе и во Хрватска.
Ние на форум расправаме во која лента со што да поминеш за да не се враќаш во рикверц...