Епа нема. Тендерот штотуку заврши. Договорот е потпишан крај на јули годинава. Рачунај бар 2 месеца ќе нема. Циркузанти сме за се па и за ова.
Во М-тел треба да се провери. Можеби имаат. Српски секако.
На тајм.мк во делот на добиени договори по тендер и во БЈН страната, една фирма регистрирана во 2024 во стан во Скопје со еден вработен го добила тендерот за сукцесивно испорачување на таг уреди. Таговите по цена од 957 денари по парче и држач за таг по цена од 250 денари парче. Вкупниот договор е 70 милиони денари (или 1.145.000 Евра)
Инаку ич не е чудо што грците одбиле (барем засеа) да се дел од игранката со тол4ол. Тие, без никакви обврски ги даваат таговите бесплатно. Со тоа, македонците, србите, црногорците ќе можат бесплатно да добијат таг и го користат во сите земји, наместо да им даваат на балканските гуликожи по 20 Евра.
Туку што е па нормално. Патарините кај Тетово и Гостивар уште немаат таг/кард опција (поради функционалната пола/пола опција). Уште поголемо разочарување е на влез Скопје кај Миладиновци да нема и повеќе ленти и таг ленти.