По македонските патишта, дури и да немате пари во моментот, можете да поминете патарина – потоа имате рок од 24 часа да ја платите, така што тоа не претставува никаков проблем. Микропроцент на возачи кои тргнуваат на пат од 50, 100 или 236 километри без да имаат барем малку пари со себе и ако некој го изгубил паричникот, му се блокирани картичките секој има некој ситнеж со себе барем да плати патарина

Во случај да немате пари во моментот не е страшно, имате 24 часа да ја подмирате обврската. Нема потреба од драми.
Мојот проблем е друг: зошто постојат работни позиции што не придонесуваат ниту интелектуално, ниту се реално корисни за општеството? Луѓе земаат плата напикани у пола квадрат а не создаваат никаква вредност. Таквите „нехљебари“ треба што поскоро да станат минато и да се пренасочат во корисна работа и каде платата ке си ја заработат.
Нека секој километар ви носи мир, насмевки и добри луѓе на патот. Среќен пат!