Австрија исто добро го има направено системот за патарини и вињети. Се можеш онлајн да купиш. Земав вињета, ама на некои од патиштата и тунели се плаќа и патарина кај нив. Имаат опција нешто Flex беше, ја активирав за моите таблички, ја врзав со пејпал и кога ќе пројдев на одредена рута каде се плаќа патарина ми зима пари за таа рута. Многу подобро него пред време да купуваш тикет за патарина, па ако фати гужва си го јадел таму.
Иначе најбоље е без патарини и вињети, како у Германија, али више ако мора да се плаќа следна опција е вињета и тоа дигитална и не застануваш никаде ни секунда. Баш глупо е да застанеш 4 или 5 пати до Гевгелија, а нема ни 200 км пат.
А па тие што возат секој ден и проаѓаат патарини, баснословни суми плаќаат пошто нема опција за годишна претплата, и искача дека тие плаќаат поскапо него ли во Швајцарија и Австрија, и тоа каде каде поскапо.
На темата, еве да се упецам и јас на коментарот на Влатче. Ако сите имаат м-кард, кога има гужви ќе се растеретува многу побрзо него ли ако плаќаат со кеш/картичка. М-таг е исто добар, но треба култура и за тоа за да нема застои и проблеми.