Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 52954 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #495 на: 22 Април 2025, 17:57:46 pm »
Џабе ќе се објаснувате со некој што едвај еднаш во месецот поминува патарина, нема тука објаснување…

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #496 на: 22 Април 2025, 19:16:09 pm »
Дали истиот апарат се користи за низ Србија?До сега не сум затекнал некоја гужва на патарина ни Мк ниту Србија,ниту сакам па да начекам ,ама ако важи за двете земји,можам да извадам да го пробам за на лето.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 344
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #497 на: 22 Април 2025, 19:38:13 pm »
Тие што поминуват повеќе од 1 патарина во месец значи имат вишок пари.

Енд оф стори. ;D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #498 на: 22 Април 2025, 20:07:15 pm »
Дали истиот апарат се користи за низ Србија?До сега не сум затекнал некоја гужва на патарина ни Мк ниту Србија,ниту сакам па да начекам ,ама ако важи за двете земји,можам да извадам да го пробам за на лето.

Да, јас го користам, во Србија ти повлекува од картица пари.

Тие што поминуват повеќе од 1 патарина во месец значи имат вишок пари.

Енд оф стори. ;D

А ние што даваме по 1000ден месечно на патарини во која категорија спаѓаме?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #499 на: 22 Април 2025, 20:17:48 pm »
Дали истиот апарат се користи за низ Србија?До сега не сум затекнал некоја гужва на патарина ни Мк ниту Србија,ниту сакам па да начекам ,ама ако важи за двете земји,можам да извадам да го пробам за на лето.
„Од прва“, не работи. Има процедура за пријавување на МК тагот за српски патарини.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1998
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #500 на: 22 Април 2025, 20:29:09 pm »
Ја користам м кард и за моите потреби е супер за не редовно возење на автопат. А кога сме кај патарини српскиот начин ми е најубав на влез и излез од автопат најчиста работа

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 344
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #501 на: 22 Април 2025, 20:37:44 pm »
.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #502 на: 22 Април 2025, 20:38:43 pm »
Ја користам м кард и за моите потреби е супер за не редовно возење на автопат. А кога сме кај патарини српскиот начин ми е најубав на влез и излез од автопат најчиста работа
Некој паметен го смислил тоа. Мене не ми е јасно како се најде некој „паметен“ да го смисли нашево. Ако тргнеш од Гостивар до Гевгелија, треба 8 или 9 пати да застанеш за патарина да платиш. 230 километри се у прашање.
Лудо е малце.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 344
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #503 на: 22 Април 2025, 20:40:20 pm »
Тие што поминуват повеќе од 1 патарина во месец значи имат вишок пари.

Енд оф стори. ;D

А ние што даваме по 1000ден месечно на патарини во која категорија спаѓаме?
Милионери бато. Луѓе што живеат на висока нога.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4396
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #504 на: 22 Април 2025, 21:49:01 pm »
Австрија исто добро го има направено системот за патарини и вињети. Се можеш онлајн да купиш. Земав вињета, ама на некои од патиштата и тунели се плаќа  и патарина кај нив. Имаат опција нешто Flex беше, ја активирав за моите таблички, ја врзав со пејпал и кога ќе пројдев на одредена рута каде се плаќа патарина ми зима пари за таа рута. Многу подобро него пред време да купуваш тикет за патарина, па ако фати гужва си го јадел таму.
Иначе најбоље е без патарини и вињети, како у Германија, али више ако мора да се плаќа следна опција е вињета и тоа дигитална и не застануваш никаде ни секунда. Баш глупо е да застанеш 4 или 5 пати до Гевгелија, а нема ни 200 км пат.
А па тие што возат секој ден и проаѓаат патарини, баснословни суми плаќаат пошто нема опција за годишна претплата, и искача дека тие плаќаат поскапо него ли во Швајцарија и Австрија, и тоа каде каде поскапо.
На темата, еве да се упецам и јас на коментарот на Влатче. Ако сите имаат м-кард, кога има гужви ќе се растеретува многу побрзо него ли ако плаќаат со кеш/картичка. М-таг е исто добар, но треба култура и за тоа за да нема застои и проблеми.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3928
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #505 на: 22 Април 2025, 23:47:21 pm »

Скопје Гевгелија 1120 денари во двата правци, секоја недела... Замисли тие со контињерките од солун према ск колку пари неделно за патарини даваат....

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #506 на: 23 Април 2025, 07:44:01 am »
Јас дополнително замерка ќе дадам на одговорните од наплатни рампи. Гужвата се случува и заради лошо менаџирање.
Јас верувам дека тое се полуписмени луѓе што немаат врска од менаџирање на работа, а за жал се на таква позиција.

Ист е и народот во колите, без пари сакаат да му се крени рампата, се лепат, тагот под седиште, со 60км/ч му влегува.
1 кеш и 4 со таг, ќе имаш и луѓе со парите на рака во тагот ќе влегуваат, за да не чекаат во гужвата и ќе свират чоек да дојди парите да му ги земи.  ;D

Таков народ сме ние, ретардиран.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #507 на: 23 Април 2025, 09:35:06 am »
јас сум немал проблем со таг-от до сега, а  само во понеделникот имав искуство со цепеници недоделкани на патарина Романовце

користам српски таг и врзан ми е на картица, во Србија има дополнително попуст
прекрасна работа поготво за викенд како минатиот каде имаше гужви и по српските патарини, а си поминуваш лево ко господин

на Романовце према Скопје, иако немаше во дадениот момент гужва, се погоди една плавуша баш колоната за таг да ја погоди и застана и не ѝ беше јасно што треба да прави
застанав 50-тина метри поназад со 4 вклучени, од соседната патарина излезе човекот да ѝ објаснува, па од позади нестрпливи почнаа да ме поминуваат зошто они ќе поминат и преку таа на патарина и се блокираа

отидов на соседната, човекот ме праша дали имам таг и дали е српски, ми ги врати парите и ме пушти
наредниот ден си стигна уредно фактура

на скопска патарина беше посебна приказна, 25мин во колона

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #508 на: 23 Април 2025, 13:40:54 pm »
на скопска патарина беше посебна приказна, 25мин во колона

Топ си е плаќање патарина со кеш  :-* :-* :-*

Тргни застани 25 ебани минути за ебана патарина.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #509 на: 23 Април 2025, 13:57:50 pm »
Zero i Simo dolzite bajadera sto vi drzam forumov vo kondicija :)