Секако дека не е усовршен системот. Системот од една страна не може да ги предвиди сите идиоти, а од друга страна, сигурен сум и дека од кога се поставени сензорите и читачите, не се ни еднаш зачистени и ѕирнати да не треба да се штелнат. Е сега, ниту еден систем на планетава не е совршен. Ама дека 99.9% од времето се проаѓа значително побрзо, се проаѓа.
Одењето контра МКард и МТаг ми е многу слично на одењето против плаќање сметки преку електронско банкарство. Ајде, да е некој ептен стар, па да не знае да користи компјутер или да му е конфузен процесот, океј, ама млади луѓе...
И не го разбирам инатот против МКард и МТаг. Не ги сакаш? Не ги користи, никој не те тера со сила. Затоа и постојат како опција. Ако сакаш користи ги, ако не - не.
Зеро да те поправам. Секоја недела на системот се прави детални прегледи, како софтверски така и хардверски. Шансите за системот да погреши скоро се и невозможни. Сите грешки кои се случуваат се настанати од човечки фактор. Дали тоа е возач или инкасант грешката е човечка.
Системот кој го користат патарините е истиот систем кој го користи цела турција.
Проблемот е во луѓето, и тие што поминуваат со возила ама и до вработените.
Во некој од коментарите прочитав дека некој влегол во мтаг и си платил кеш? Како тоа? На кого платил? Во таа лента има куќарка ама нема инкасант внатре.
Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk
Убаво е тоа што прават проверка. Претпоставувам дека е само на записите на возилата што поминале.
Прават ли проверка на видео камерите на возилата што се враќаат по неколку пати за да поминат низ лентите што се доделени за ТАГ
Дали имаат таква статистика?
Дали според таа статистика е преземено нешто? Корегирана антена? Повикан членот со ТАГ уредот да извршат проверка на уредот? Преземена некоја друга активност?
Во оваа тема на форумов почнавме со дискусија за несовршеноста на системот. Еве, по повеќе од година дена се повторуваат истите проблеми, што ми дава право да заклучам дека одговорот на претходните прашања е НЕ. Зошто е НЕ? Системот е за помош на корисниците да побрзо поминуваат патарини или целта на системот е јпдп да заработи пари? Од досегашниве муабети мислам дека одговорот е ова второто...
@Zile Те молам разувери ме. Поздрав
Ќе те разубедам многу лесно. Јпдп си тера со вработени со прекршоци и нормално го собира кајмакот од патарините. Јпдп не го одржува системот. Го одржува друга надворешна фирма која е под капа на турски Аселсан. И ќе ти кажам дека прегледи и корекции на камери, бариери, антени, контролери, уфд, оски, рампи, вмс и остали уреди, да не ги набројувам сите се прави минимум 2 пати неделно а по потреба и повеќе ако случајно се појават неправилности настанати повторно од човечки фактор.
Најмногу за сите неправилности влијае човечкиот фактор.
Прво од народов што вози, се однесуваат како шерифи, нема купено таг и се пика во мтаг лента и се прави мутав и свири на рампа да му се отвори. Втора категорија се тие исто без мтаг а во лента за мтаг застануваат, нормално не му отвара рампа гаси кола излага и оди да се кара со шефот зашто и него не му отвара рампа како на тој пред него. И трета категорија има мтаг ама го ставил под седиште, во фиока, во гепек(да сериозно има и такви) и сака да му отвори рампа, или има мтаг ама нема кредит па очекува да му се отвори рампа.
Второ, вработените на патарините. Едноставно не сакаа да одат на обука за новиот систем, мислеа дека се знаат па сега се соочуваат со големи проблеми.
Ќе помине и ова, и вработените ќе се научат а и ние возачите ќе научиме како треба. Само тие копуците (спомнати погоре во текстов) кои пробуваат да удрат со глава во ѕид нема да се сменат и ќе не иритираат нас како возачи и ради нив ќе плукаме по системот дека нечинел или дека што ти ја знам дека јпдп правеле.
Чисто за инфо да знаете дека ДВЕТЕ ПОСЛЕДНИ ленти се со мтаг немора секогаш да одите само во таа каде што пишува мтаг, туку можете и во таа до неа иако пишува кеш.
Се надевам дека малку ти појаснив.
Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk