Проблемот на северџанот му е што не сака да затвори 2-3000ден на тагот иликартичката, па да ги користи кога ќе затребаат. Не дека не сака да вози со таг или м-кард.
Еве се улови еден неинформиран ( @MAPJAH ) што сака да учествува во дискусија.
Знаеш ли дека можеш ТАГ уредот да го преконфигурираш и да работи како пост пејд уред и да не мораш како тој северџанот да учипуваш пари на него?
Незнаеш, а?
Еве ти веб страна и научи нешто, да не те бламираат понатаму во дискусијата: https://toll4all.com/
Како може да се направи да работи на пост пејд во Македонија. Како што знам македонски таг е припејд во Македонија, но кога го користиш надвор (пример во Србија) е пост пејд, односно ти повлекуваат пари од сметка.
Дај линк и кажи како може да се користи како пост пејд внатре во МК. Линкот горе ти е само за Србија.
Линкот не е само за Србија. Србите се автори на системот и преводот е прилично лош. Види ја првата моја порака, таму се ставени извештај од toll4all и фактура од ЈПДП...
Не знам за македонскиот, јас имам таг од кај комшиите. За него беше потребно во канцеларијата на АМСС во Нови Сад (Дилерот на Путеви Србије) да го преконфигурираат од припејд во постпејд, мислам дека потпишав и договор, дадов број на сметка за да ми ги вратат парите учипени на сметката од тагот, бев во првиот кафиЧ, па по интернет од кафиЧот ги пополнив бројот на кредитната картичка и незнам што уште требаше - има податоци на веб страната. Потоа истата картичка ја додадов и за Македонија и Црна Гора. Сега, на која и да било патарина во тие три земји да поминам, наредната ноќ доаѓа фактура на е-маил и автоматски ги резервира парите од вредноста на фактурата. Кога ќе се пробудиш се е завршено.
Дополнително, србите веќе 5-6 години имаат и апликација за мобилен телефон што го прави припејд таг-от во пост пејд ( а не е toll4all )
За македонскиот таг прашај во ЈПДП како се преконфигурира. Внимавај, ќе треба да ти ги вратат парите кои претходно си ги учипил на припејд сметката...