Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 147020 пати)

Отсутен Ace144

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1260 на: 03 Август 2026, 15:14:23 pm »
Завчера на Тетово - Скопје на првата патарина имаше лента мкард/кеш и нормално гужва и џабе ја имаш картичката, а на втората мкард лентата ја сменија во кеш и пак се направи гужва. Кога го прашав дечкото на што се должи и зашто нема посебна лента одговорот беше џабе ти е картичката глеј колку гужва има не може само за вас лента.

Место да се стимулираат овие начини на наплата кај нас контра се прави.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18141
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1261 на: 03 Август 2026, 15:17:00 pm »
И јас вчера се накурчив ради немање ленти за М-Кард и сеа ќе барам најдобро решение за М-Таг што може да се користи во пар земји (препорачливо МК и ГР, во Србија ќе застанам и ќе им платам, сепак по една две патарини на едно возење се таму).

@andrej_111 ова твоево решење ќе може така да функционира?
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2918
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1262 на: 03 Август 2026, 15:20:31 pm »
Не.

Тоа што го пишал работи само за Грција.
Сите концесионери во Грција имаат ТАГ за нивната делница/делници, но мора да работи за сите патишта во Грција, по закон.
Немаат поврзување со други земји.

Македонскиот ТАГ (овие новите, што ги дават преку Телеком и сл.) - има поврзување само со Србија засега.

« Последно менување: 03 Август 2026, 15:26:43 pm balanar »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5402
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1263 на: 03 Август 2026, 19:34:41 pm »
Прееска на Петровец заглавив и јас, тагот не сакаше да ме прочита никако. 5,6 пати се враќв и едвај. Наоѓа категорија и толку.
Во меѓувреме минеа коли, мене не сакаше.

До сега не сум имал ваков проблем.

Се дешава чат пат со службените, не многу често ама чат пат обавезно се дешава и големо нервирање е... Тоа е главната причина зошто не земам таг, и пошто не може да се две на иста сметка. Ама како што тргнале работите со немање одделна лента за карта, ќе морам да земам таг.

Треба да направат/додадат уште понекој премин на патарините. Или да вратат мкард на мтаг ленти, со додатна поставка да наплаќаат дупло ако си поминал на мтаг лента а имало дедицирана слободна мкард лента... Или (во некој паралелен универзум можеби), да воведат вињетки.

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 146
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1264 на: 03 Август 2026, 22:04:18 pm »
Не сакаат нашиве да воведат вињета. Ископирај го системот од Бугарија, па и цените. 60 евра е пристојна цена за годишна вињета. Укини зелен картон, направи повеќе попатни мотели и занимација за транзит туристите и земај пари.

Се горенаведеново, после добар асфалтен пат, проектиран од човек што разбира сообраќај.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1454
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1265 на: 04 Август 2026, 00:08:58 am »
И претходниот пат и денес прв на лентата за мкард си застанува си се симнува од кола си иде на шалтер плаќа или надополнува поима неам доаѓа вработен ја дига рампата, ти чекај ако си немаш друга работа

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2905
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1266 на: 04 Август 2026, 08:41:07 am »
Да пријавам и јас проблем со наплатната станица Петровец, не сакаше да го чита М тагот, односно слушам титкање ама не се отвара рампата.

Се вратив назад и пробав во М кард лентата, и таму титна ама не се отвори, па морав со М кард. Пишав приговор на меил, м истигна одма одговор, треба сега треба серискиот број и телефонски број да пратам за да проверат.

Инаку, сума сумарум, ме извади М кард во ситуациите. Можеби треба да има друга ознака за да нема забуни што значи М кард, во тоа не навлегувам, ама за вакви ситуации ми заврши работа.
Своерачен потпис ;)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6392
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1267 на: 04 Август 2026, 09:55:44 am »
Значи ветер со магла и М таг и М кард, кај им плаќаш уред пак те дупат на здрав мозок.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15240
  • Пудингот на шоферството
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1268 на: 04 Август 2026, 10:17:30 am »
На наплатна Прешево им беше смената кога врвев пред 2 дена,застанати 100 возила во лентите за плаќање со кеш,со тагот ЕНП лентата слободна.100 возила помалку на граница пред мене.
Нема нешто поубаво,штета не сум го извадил порано не 50,500е би го платил.

Инаку оваа година имав проблем со Е-вињетите за Австрија и Маџарска па морав да застанам физички да извадам вињета.Сепак не беше толку голем проблем пошо ионака беше гужва и не можеше да се вози нешто брзо.
Им звонев да им опцујам,никој не одговори,им пишав меил со мајче шајче пак ништо.  :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4695
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1269 на: 04 Август 2026, 11:49:02 am »
Што проблем имаше со е-вињетите? Јас имав со Флекс опцијата за патарините, ми беше сетирана пред 2 години (и си стои активно додека не деактивираш) со Пејпал, ама тогаш пејпал сметката ми беше врзана со друга сметка која веќе не постои. Си ја пројдов патарината на лентата за оние со дигитална патарина, ми стигна мејл дека не може да се процесира плаќањето, и да им ја платам со рок од 30 дена. Секако застанавме на бензинска за одмор, средив тоа со пејпал, им ја платив и на следната патарина успешно ми зема пари од пејпал сметката.

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1019
  • The best or nothing.
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1270 на: 04 Август 2026, 12:39:20 pm »
Им звонев да им опцујам,никој не одговори,им пишав меил со мајче шајче пак ништо.  :)

Да не те читаме во идно време: Македонски шофер фатен (наместен) со 10 кила наркотични супстанци.  ;D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15240
  • Пудингот на шоферството
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1271 на: 04 Август 2026, 14:07:11 pm »
Ќе видам на враќање дали ќе ме приберат "под сенка".  ;D

@ficomk Петок сабајле извадив преку официјалните нивни страници и платив со кредитната картичка(таа опција ми ја извади прва таа ја одбрав) еднодневна вињета  со бажност за Саботата.
Тргнав Петок после пладне и по пат проверив дали ми е активирана вињетата пошо не добив повратен меил и потврда иако кога плаќав излезе дека трансакцијата е успешно завршена,дури и потврдив на е-банкингот.
Исто проверов о за Маџарска исѕо не беше активирана.
А сега проверувам немаат ни наплатено иако како шо кажав излезе дека успешно е извршено.
Среќа невестата ме подсети инаку јас ниту ќе проверев ниту ништо,мислејќи дека е завршена работата и дека знаат по ден,два,три да тргнат пари од кредитната.
Па после ќе ме казнеа за немање вињета,па ќе требаше да се објаснуваме на долго и широко,па изводи од банка,па на крај не знам што ќе беше.

Наравоучение,чим вадите е-вињета(едно дневна и 10 дневна) за тие две држави,гледајте одма да ви имаат наплатен пошо само во тој случај е активирана.
Истотака не е лошо да се провери е вињетата дали е активна за да не мора после да се докажувате пошо со тие говеда нема разбирање.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 684
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1272 на: 04 Август 2026, 14:59:47 pm »
Вчера од Штип поминувам на 2те патарини со М-таг без проблем, на Миладиновци вадам М-кард и дури таму забележав дека М-таг-от ми останал во фиоката десно под волан, на претходните патарини и од таму функционираше без проблем....
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1273 на: 04 Август 2026, 21:43:24 pm »
Денес еден со голф со тетовски табли се протна за беспари на Мтаг на патарина Преод кон Свети Николе откако јас пред него поминав и на мое титкање се отвори рампата.

Го приметив дека се залепи буквално зад мене и знаев дека тоа ке го направи.

Ми падна идеја бидејки возев 20-25 на саат веднаш одма после рампата да успорам да му затвори, ама си велам батали, за 70 денари ако му дошло да заштеди, нека ги заштеди.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8359
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1274 на: 04 Август 2026, 22:08:52 pm »
Ќе го санкционираат, не се секирај.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk