Последните 4 поминувања на Кумановската патарина се право патешествие дури и со МТаг. Лик се набутал со М картичка у МТаг лента, зашто не му се чека со 4 возила у М Кард лента, а по него си вози шлепер кој уредно си има МТаг. Нормално, мисиров сфаќа дека нема да испадне најпаметен, и да помине со М Кард у МТаг, па изглегува од лента, зашто накај Куманово, МТаг лентата е широка, има простор две возила парелелно да влезат. Шлеперов што веќе влегол на рампа, не сака да го прочита системот, па свири на вработените да му отворат. Ваљда не знае дека треба да се врати назад до влезот на рампата, и да тргне напред. Овој мисиров што ја направи цела збрка, не сака да иде назад во лентата за МКард, и се обидува да се протне. Ај да беше некоја странска регистрација, мисиров со SK.
Ние сме ти за на филм. Треба на вработените на патарина стапови да им дадат, па како во Индија. Ке научат за 24 часа.