Автор Тема: Opel Insignia 2.0 CDTI  (Прочитано 4524 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #15 на: 25 Јули 2024, 10:25:07 am »
Кај мене нема разлика со 65% + фабрички тонирани.
Овие се 80% или 95% затемнетост?

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 213
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #16 на: 25 Јули 2024, 10:30:04 am »
Овие фолии се со 80% затемнетост.
Не е исто како без фолии да, но се гледа доволно добро за да го перцепираш сообраќајот без никакви ризици.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #17 на: 25 Јули 2024, 10:38:43 am »
Кај мене со 50-ки беше малку проблематично навечер, особено на потемно. Ама си прави фина разлика.

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 213
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #18 на: 25 Јули 2024, 11:00:53 am »
Па еве, вчера прва прилика имав да возам навечер и тоа кога е најударен впечатокот од промената, се пулев цело време да гледам каква е околината и како ќе ги перцепирам работите околу мене, мислам дека се треба да биде океј (пу пу пу, да не урочам).

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 213
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #19 на: 29 Јули 2024, 15:17:38 pm »
Денес извршена регистрација + а-тест на клима фолиите во ПСС.

А-тестот ме чинеше 1550 денари.

Вкупно се ме чинеше 17.620 денари. Претходно во АМСМ ме чинеше 18 и нешто [(колку што ме држи меморијата, треба да проверам за сигурно), а сега помалку и правам а-тест].

Иста е цената сегде, ама не е иста очигледно.

Измена на оригиналниот пост: Отворив вчера под хауба и загледав во акумулаторот и заклучив дека акумулаторот што сум го пишал е постариот што го имав, годинава тој што сум го купил е Exide Premium Carbon Boost 2.0 EA852 85Ah



Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #20 на: 29 Јули 2024, 15:34:00 pm »
Ценава е без зелен картон? Само регистрација?

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5492
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #21 на: 29 Јули 2024, 15:55:50 pm »
Топ е карбон бустот, јас од 2016та го терам, со тоа шо до пред две години немав полнач не го одржавав, неколку пати го цркосав и оставена колата времиња така. Сеуште држи стартна моќ, да имав полнач и да го одржував од старт ќе трае уште 2 плус од колку и да истрае сега. И да цркоса утре дефинитивно пак би земал ист.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 213
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #22 на: 29 Јули 2024, 16:24:30 pm »
Ценава е без зелен картон? Само регистрација?

Точно. Без зелен картон, само регистрација.

Топ е карбон бустот, јас од 2016та го терам, со тоа шо до пред две години немав полнач не го одржавав, неколку пати го цркосав и оставена колата времиња така. Сеуште држи стартна моќ, да имав полнач и да го одржував од старт ќе трае уште 2 плус од колку и да истрае сега. И да цркоса утре дефинитивно пак би земал ист.

Ауу, ако издржи толку многу на коњот ќе бидам качен.

Претходниот издржи некои 4 години можеби кадешто го полнев на 2 пати и крепеше одредено време ама пак после Х месеци ќе почнеше да појавува знаци на слабост па решив да преминам на ова. Првобитно сакав да земам друго нешто, ама продавачот посебно ми го препорача овој акумулатор за инсигниата и се надевам дека ќе ги исполни сите очекувања, а после ова што го слушнав за твоето искуство кое уште повеќе ги надминува тие очекувања.

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 213
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #23 на: 06 Август 2024, 20:19:25 pm »
Во средата (31.07.2024) променето масло и филтри (воздух, полен, масло, гориво) на 218.914км, пред да тргнам на Илинденскиот викенд во Охрид.





Исто така, дента ми се „багна“ нешто колата и не сакаше да забрзува како што треба. Во смисла стискам на педалата за гас, прима гориво според борд компјутерот ама не се забрзува наеднаш како што би очекувал, туку качува бавно како „секунди“.
Ја вклучивме на дијагностички апарат и појави грешка дека некој се обидувал да ја отвори колата без оригиналниот клуч, но безуспешно па поради тоа се активирал овој безбедносен режим.
Не ми се веруваше дека го слушнав тоа како причина и малце бев запрепастен..
После отстранување на грешката си се врати во нормала.
Среќа што ова се случи истиот ден и наеднаш можеше да се среди сето ова.

Исто така, ДПФ филтерот покажа дека е запушен некои 50-60 проценти, па вклучивме регенерација и после 31 минута работа на 3500 обртаи успеа да се согорат сите саѓи и да се постигне издувност од 95%. Разликата е евидентна.

Платив само околу 4000 денари за маслото и филтрите, не ми текнува колку беше точно, со вклучен мајсторски попуст од некои 20-30 посто за нив и друго ништо не ми беше побарано бидејќи мајсторот е пријател на татко ми. За возврат, ние нив со услуга кога ќе затреба.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #24 на: 06 Август 2024, 20:31:47 pm »
Фрлај маслото. Не ДПФ, карики ќе фрлиш.

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 213
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #25 на: 06 Август 2024, 20:35:13 pm »
Зошто? Ова е оригинално по препорака на Опел.

Просветли ме околу ова?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4976
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #26 на: 06 Август 2024, 20:35:45 pm »
Ne odenjeto ti e od dpf-ot, ne od prikaskata so klucot

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 213
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #27 на: 06 Август 2024, 20:46:34 pm »
Ne odenjeto ti e od dpf-ot, ne od prikaskata so klucot

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Го видов тоа со свои очи што го покажува на компјутерот.

Исто така, грешка се појавува на самата табла на автомобилот кога има проблеми со ДПФ. Ми се има случено претходно па знам за тоа. Овој пат се немаше појавено ништо такво.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #28 на: 06 Август 2024, 20:46:52 pm »
@Makedons
Vi kazuvam svoe iskustvo so LukOil vs GM 10W40.
LukOil ne go pipna a GM si go piese kako vodicka (od Grcka navodno uvezeno) na 2000Km po 0.3-0.5l,
JB German Oil od Bure - nalivno - top za 10000Km kolku pominav potrosi nepolni 300 grama.
Posledna smena LukOil i pipna pomalku od 300 gr.
Opel Corsa 1.0 /12V !

Иако работам претежно со опел, откога ми се случи на корса ц 1,7 дти уште другиот ден да просвири турината , а после замена со ОМВ да се изгуби звукот, воопшто го немам во понуда.
Несфатливо е , масло декларирано со тој кавалитет да чини 5л  1100денари.
Ги делам искуствата со Бугар за ЈБ германоил.

Купив Вакво масло Total Quartz 7000 10w40, 1600 ден/ 5 литра. Веројатно нема да го срка како GM-то. СО GM-то после 5000 км поминати можеш да си пржиш компири со јајца. :D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Jas za vectrata staviv Mannol Deffender 10*40 5L kanta samo ic nevidov cena bidejki staivme se na kup i cena pod raka bese.
Ne e bitno mi go pofalija uljeto bozem dobar kvalitet imalo za parite i nemalo falc od nego.Zjapav po net ali samo na ceski i germanski nemozev nisto da razberam.Drugarcevo sto mi praese servis dosta mi go pofali pa kje vidime.
Nejkev da zeam GM ulje bidejki pred 9-10 god se izgorev so nego od Skopje-Ohrid mi potrosi 1L ulje i isto tolku i nazad.otvaravme motor gumici i ostali sranja zatvorivme pak GM i pak trosese smeniv Castrol togas gram ne potrosi.Inace se raboti isto za opel vectra 1.6 16v koja ja imav pred 10 tina godini i vo celina bev prezadovolen od nea osven glupostite sto mi gi napravi so GM uljeto togas i sega pak si upecav vektrice ama bez GM vo nego :)

Не знам... Или сум знаел па забораил...

Врска неам.

Ми беше колата во Аутомакедонија на сервис за промена на плочки и скоро и беше време за промена на масло а планирав да одам за Грција, па реков и масло да ми сменат и да стават Liqui Moly ама изгледа заборавиле па ми тртнале ГМ 10-40. Пред да ја однесам на сервис го проверив маслото и не фалеше ни капка.

Си ја земав колата и утре дента тргнав за Грција. Стигнав во Паралиа и утре дента сакав да отидам до една продавница. Извозев 500 метра и ми светна сијаличката за масло. Кога ќе видам 3 милиметри на мерачот под минимум. Среќа бев застанал пред продавница за авто делови па докупив некое масло 10-40 ама не памтам кое беше. Ме фати страв да не ми тече од некаде. Се вратив во Скопје после две недели и немаше потрошено повеќе од 100мл.

Го испуштив тоа масло, ставив ЛМ 4100 Топтек, проверував секоја недела и кога го сменив подоцна после 7.000км не фалеше  ни капка масло.

Од тогаш сум раскрстил со ГМ маслото.

И уште мал милион примери.


Инаку во врска со DPF-от во право е Никола.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4976
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #29 на: 06 Август 2024, 20:47:55 pm »
Ne vikam deka ne probuval nekoj. Ama toa ne e pricina za ne odenje. Dpf or zatnat e, potvrduva i toa sto so gledal deka potrosuvackata na bord se istite brojki

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk