Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 1731785 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34073
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1455 на: 29 Август 2013, 09:32:12 am »
5-40 не е потенко од 10-40. И двете имаат танчина од 40 така?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1456 на: 29 Август 2013, 09:33:01 am »
Не зависи само од „тенкоќата“, туку зависи највише од стабилноста при високи температури. Односно колку испарува при високи температури. Затоа се случува едно 10-40 да ти го арчи, а друго 10-40 да ти го арчи помалку. Двете се исто танки, ама едното е постабилно на високи температури.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34073
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1457 на: 29 Август 2013, 09:41:24 am »
Ама 5-40 е подобро како зимско масло зошто на пониска температура постигнува минимална вискозност. Иначе за танчина се исто танки нели?

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1458 на: 29 Август 2013, 22:05:02 pm »
Купив Вакво масло Total Quartz 7000 10w40, 1600 ден/ 5 литра. Веројатно нема да го срка како GM-то. СО GM-то после 5000 км поминати можеш да си пржиш компири со јајца. :D


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6144
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1459 на: 29 Август 2013, 22:07:09 pm »
Момци, ајде совет мал.
Треба да менувам уље, па се мислам кое да го ставам нели.
Ставав порано Рове 10-40 на колава и го трошеше доста ама само на отворено.
ЛМ Мос2 10-40 исто така го трошеше на отворено, ама помалку од Ровето.

Е сега прашањето е дали да продолжам со ЛМ 10-40 или да идам на нешто друго?

Листав нешто по нет, и нигде не пишува дека ЛМ Мос2 10-40 ги исполнува ГМ стандардите.
Најблиско уље на ова кое исполнува ГМ ЛЛ-Б-025 е LM Leichtlauf High Tech 5-40, па може да земам вакво, да пробам, се надевам нема да го троши.

Што мислите, дали тоа што 5-40 е ’’потенко’’ уље би го трошело повеќе од 10-40?



Пробај. LM 5W40 е повеќе од солидно масло.

Купив Вакво масло Total Quartz 7000 10w40, 1600 ден/ 5 литра. Веројатно нема да го срка како GM-то. СО GM-то после 5000 км поминати можеш да си пржиш компири со јајца. :D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Само да е оригинал.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1460 на: 30 Август 2013, 00:02:53 am »
Купив Вакво масло Total Quartz 7000 10w40, 1600 ден/ 5 литра. Веројатно нема да го срка како GM-то. СО GM-то после 5000 км поминати можеш да си пржиш компири со јајца. :D



Само да е оригинал.

Имаше декларација на тубата, увозник ЕуроИмпекс. Прилично сум сигурен дека е оригинално. :)

http://www.euroimpex.com.mk/application/views/media/total/Masla.pdf

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6144
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1461 на: 30 Август 2013, 18:06:43 pm »
Штом е така - фурај. Никогаш не сум пробал Кастрол, ама не се сомневам дека е одлично, во својата изворна форма и квалитети.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1462 на: 30 Август 2013, 23:11:50 pm »
Кога поминав во продавницата, продавачот ми рече, ако сакаш убаво и квалитетно масло земи си Тотал 7000 или Арал. За тие  масла гарантирам дека се оригинал, пошо ги набавувам од Еуроимпекс (за тоталот), а Аралот самата цена си кажува за што станува збор. Така да , мислам дека направив вистински избор за масло. Разликата од ГМ до Тотал-от е 500 ден, т.е ГМ=1100 ден а Тотал-от е 1600 за 5 литра масло во туба. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34073
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1463 на: 30 Август 2013, 23:35:33 pm »
Арно си направил. Јас тотал користев десет години, и на кадетот и на двете пежоа. Добро масло, само мене не ми одговара пакувањето од 5л

Отсутен The Ghost

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1464 на: 31 Август 2013, 19:14:49 pm »
И јас го земав истово масло од кисела вода кај чешма за 1500 денари.. До сега тоа било користено, и сум прилично задоволен, затоа што ми кажува луѓе дека 16v би трошело уље на високи обртаи.. А со ова нема гајле :)

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3165
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1465 на: 01 Септември 2013, 22:49:59 pm »
И јас го земав истово масло од кисела вода кај чешма за 1500 денари.. До сега тоа било користено, и сум прилично задоволен, затоа што ми кажува луѓе дека 16v би трошело уље на високи обртаи.. А со ова нема гајле :)
neka ne te lazat lugjeto ako e dobar motorot nema da go trosi masloto a  nemi e jasno sto ima vrska dali e 8v ili 16v a sto ako e 24v togas ke go srka ????


Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1466 на: 02 Септември 2013, 00:44:12 am »
^^ И ако е добро маслото, не само моторот. Неможе да ставиш некое тенко масло како ГМ на пример, и да возиш на 40 степени подолго време, да видиш дали нема да испарува и согорува. Многу е битно маслото да е издржливо на високи температури, бидејки кога надвор е пекол и во самиот мотор маслото е загреано и ако е лошо масло истото согорува и испарува. Мене тоа ми се случи со ГМ-то. 8v или 16v нема врска. Се работи само за верзија на моторот со 8 или 16 вентили, ништо повеќе. :)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3868
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1467 на: 02 Септември 2013, 01:14:55 am »
Кога поминав во продавницата, продавачот ми рече, ако сакаш убаво и квалитетно масло земи си Тотал 7000 или Арал. За тие  масла гарантирам дека се оригинал, пошо ги набавувам од Еуроимпекс (за тоталот), а Аралот самата цена си кажува за што станува збор. Така да , мислам дека направив вистински избор за масло. Разликата од ГМ до Тотал-от е 500 ден, т.е ГМ=1100 ден а Тотал-от е 1600 за 5 литра масло во туба. :)

Нема да најдеш премиум бренд што нема „добро“ масло но ако купиш верзија на масло кое не е соодветно за твојот мотор џабе што си го погодил брендот и вискозноста. Веројатно има многу масла како она што го нуди marsher кои се со врвен квалитет како и овие познативе но ние не сме чуле за нив. Значи битни се спецификациите а јас би прашал во сервис кај некој гуру како нашиот. Во продавница им верувам .. ама принципот „сваки циго свога коња хвали....“ некако не ми остава премногу простор за безрезервна доверба.

Јас во Самарата користев Castrol полу синтетичко, ZX Total 7000 (полу синтетичко), Laguna-та и Megane-то ELF синтетичко, Merceds-от Mobil 1 синтетичко, Alfa-та Selenia синтетичко.

Никогаш не сум се пожалил од ниедно, сите биле добри и менувани во препорачани или пократки интервали, по спецификација на производителот на моторот, освен кај Самарата(нејзе ја частев поквалитетно). Верувам дека ако тргнам да ставам друго масло во Alfata што ќе ги има истите стандарди како и Seleniata нема да имам проблем, но зошто да ризикувам за 1000 денари разлика да промашам нешто. Од сите потрошни материјали за течностите во мотор, менувач и хидраулики не би правел економски компромиси, само да не се лажга од таму каде што ги купуваш. Јас менувам масло два пати годишно на интервал двојно пократок од моментално препорачаниот во буклет, но препораките во сервис моментални се тие.

Вообичаено штедењето на тоалетна хартија се враќа преку потрошениот прашак и струја за паерење.


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34073
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1468 на: 02 Септември 2013, 09:18:40 am »
^^ И ако е добро маслото, не само моторот. Неможе да ставиш некое тенко масло како ГМ на пример, и да возиш на 40 степени подолго време, да видиш дали нема да испарува и согорува. Многу е битно маслото да е издржливо на високи температури, бидејки кога надвор е пекол и во самиот мотор маслото е загреано и ако е лошо масло истото согорува и испарува. Мене тоа ми се случи со ГМ-то. 8v или 16v нема врска. Се работи само за верзија на моторот со 8 или 16 вентили, ништо повеќе. :)

Чекај чекај чекај чекај...... Молам? Ај повтори што кажа за маслото и надворешната температура те молам?

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3165
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1469 на: 02 Септември 2013, 16:45:59 pm »
^^ И ако е добро маслото, не само моторот. Неможе да ставиш некое тенко масло како ГМ на пример, и да возиш на 40 степени подолго време, да видиш дали нема да испарува и согорува. Многу е битно маслото да е издржливо на високи температури, бидејки кога надвор е пекол и во самиот мотор маслото е загреано и ако е лошо масло истото согорува и испарува. Мене тоа ми се случи со ГМ-то. 8v или 16v нема врска. Се работи само за верзија на моторот со 8 или 16 вентили, ништо повеќе. :)
pa normalno deka ima razlika vo tipot i kvalitetot na masloto