Автор Тема: Opel Insignia 2.0 CDTI  (Прочитано 4944 пати)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Opel Insignia 2.0 CDTI
« на: 20 Јули 2024, 19:08:52 pm »
Опис на возилото:

Станува збор за Opel Insignia 2.0 CDTI (Insignia Sedan A) од 2009-та година со full опрема, која  истата таа година била прогласена за European Car of the Year.
Возилото е најдомаќински чувано колку што е можно: никогаш не е запалена цигара внатре, а внесувањето на миленици и храна е забрането.
За некого можеби смешно, но за мене тоа се принципи и иако не купен во 2024-та, кога сум внатре, имам чувство како да сум во ново возило.
Секогаш мириса убаво и никогаш немало потреба да се користат парфеми внатре.
Купена е од плац од 1 газда во 2020та со 180к км, а сега има 217к км.

Карактеристики:

•   Боја: Сива металик
•   Забрзување 0 - 100 км/ч: 11.1 сек
•   Максимална брзина: 205 км/ч
•   Стандард: Еуро 5
•   Моќност: 131 КС / 96 kW @ 4000 rpm
•   Максимален вртежен момент: 300 Nm @ 1750-2500 rpm
•   Цилиндри: 4
•   Garrett турбина 😋
•   Менувач: 6-брзински мануелен
•   Резервоар: 70л (проценети 1489 км)
•   Багажник: 520л / 1.465л со спуштени задни седишта
•   Димензии: Должина 4.83 м / Ширина 1.850 м / Висина 1.5 м

Ниво на опрема:

•   Управувач: Подеслив по висина и длабочина, обложен со кожа
•   Темпомат и ограничувач на брзина
•   Електрично прилагодливи и греени надворешни ретровизори
•   Греење на предна и задна шофершајбна
•   Воздушни перничиња:
6 (возачко, патничко, странични, завеси за глава)
•   Инструмент табла: Индикатори за сервисирање, промена на масло, преостанато масло, течност за ладење, предупредувања за брзина итн.; Needle sweep
•   Осветлување: Подесување на украсно осветлување на инструмент таблата
•   Автоматско заклучување
•   Централно заклучување со далечинска команда + отворање на гепекот
•   Помош при тргнување на нагорнина (Hill Assist)
•   Предупредување за ненаместен појас
•   Електрична рачна
•   Автоматско спуштање на рачна при тргнување (Auto Brake Release)
•   DVD Navi 800 (Sat Nav):
фабричка навигација со податоци за 30 држави и 3,626,338 POIs
o   Имам CD и оригинална опаковка од картите
•   9" Headunit: Резолуција 1280x720, поддршка за постоечката опрема, Android 10, Split Screen feature, 7708 FM/AM/RDS, ADAS DVR поддршка, безжична поддршка за Android Auto и CarPlay, копчиња во бои, 8ГБ РАМ & 128ГБ РОМ, 2 USB портови (2x од самото радио во фиоката; 2x напред во цигарата; 2х во наслонувачот кај возачот; 2х за патниците позади), слот за 4G SIM картичка за интернет + Wi-Fi
•   Дополнителен професионален микрофон: Инсталиран кај возачот за повици и гласовни команди на Google Assistant/Siri
•   Автоматски три зонски клима уред - Climatronic
•   Индикатор за надворешна температура
•   Простор за складирање во задната страна на возачкото и совозачкото седиште
•   Држачи за чаши:
Две напред до самиот наслонувач за шоферот, две позади со наслонувач на рака за патниците
•   Преграда за очила за сонце
•   Штитници за сонцето со огледала и осветлување:
Автоматско според степенот на светлина
•   Седишта обложени со текстил: Спортски, електрично прилагодливи, прилагодливи по висина
•   Безбедносни системи: ABS, CBC, TCS, EBD, ESC, BA/EBA
•   Имобилизер: Не дозволува стартување со погрешен клуч
•   ISOFIX за детски седишта
•   Браници во боја на каросеријата
•   Паркинг сензори:
Напред и позади, со звучно алармирање
•   Систем за спречување кражба (Theft Deterrent System)
•   Дневни светла (DRL)
•   Предни светла за магла
•   Автоматско вклучување на светлата при отклучување на автомобилот
•   Сензор за автоматско вклучување на светла при стемнување
•   Осветлување на внатрешниот простор напред и позади
•   Амбиентално осветлување (жолта боја)
•   Дополнително инсталирани LED RGB светла:
Во секоја боја, различни режими според шеми, интервали, музика итн.
•   Алуминиумски бандажи 18"

Дополнителна опрема и одржување:

•   Оригинално упатство за користење и одржување на Opel Insignia
•   Оригинална Infotainment книга
•   Флаер за оригинални Opel Insignia додатоци (аксесоари)
•   Оригинална сервисна книшка:
Запишани сервиси и печати во Германија
•   Моја Opel сервисна книшка: Запишани сервисирања во Македонија
•   Гуми: 4 нови Tigar Ultra High Performance 245/45 ZR18 100W, 2 нови SAVA ESKIMO HP 2 XL FP (набројаните гуми купени годинава, +2 исти SAVA купени минатата година)
•   Акумулатор: Нов Exide Premium Carbon Boost 2.0 EA852 годинава
•   Нов заден браник порачан од Opel Германија преку Аутомакедонија и наместен на 29.05.2024, соодветно според број на шасија, ист како и оригиналниот се разбира.
Горд сум што бојата не дели во ни еден дел воопшто иако возилото е од 2009-та, а браникот 2024та производство. (Сакајте си го возилото и одржувајте си го 😊)

Опрема купена и чувана во возилото:

•   Headunit
•   Дополнителен микрофон
•   Теписонски и гумени патосници
•   Гумена патосница за багажник
•   Украсни капачиња за вентилите на гумите
•   Сообраќаен сет за помош на пат
•   Организатор за алат:
Подеслив по висина
•   Маски за нос и уста
•   Средство за дезинфекција
•   Мали и големи влажни марамици
•   Паломи
(суви)
•   Кабли за полнење телефон: 2 type C (1 брз, 1 регуларен); 1 Lightning за iPhone
•   Сет за промена на гума: Клуч, дигалка и крстач
•   Зимски ланци
•   Средства за чистење и одржување:
Sonax, WD, Wurth, BRAVA Antifreeze +Coolant -56° G12 pink
•   Безжична Xiaomi правосмукалка

Недостатоци кои би сакал да ги средам, а не сум го направил тоа бидејќи не знаев до сега каде да го направам тоа, а не сакав да експериментирам самиот:
-   На возачката и совозачката страна на предните врати, до хромираните рачки (делот кај што се турка вратата за да се отвори) пластиката кај командните копчиња е обложена со црна фолија (фабричка) и има како меурчиња кои се настанати најверојатно од сонцето, а ги има уште кога го купив возилото ☹.
Би сакал да ги средам ама не знам каде да го направам тоа, ако имате предлог некој што ќе знае добро да ја заврши работата кажете ми во коментар, порака.































« Последно менување: 29 Јули 2024, 15:20:36 pm Makedons »

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #1 на: 20 Јули 2024, 19:49:02 pm »
Браво, мераклиски чуван примерок, а и соодветно претставување. :)

Не сум 100% сигурен дека ми се допаѓаат белите детали на гумите (иако признавам, и јас сум размислил за таков момент). Јас би го фрлил кондомот околу волан и би ставил теписонски патосници. Другото си е џам, уживај во колата! :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #2 на: 20 Јули 2024, 19:52:30 pm »
БоМбона!

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #3 на: 20 Јули 2024, 20:46:24 pm »
Браво, мераклиски чуван примерок, а и соодветно претставување. :)

Не сум 100% сигурен дека ми се допаѓаат белите детали на гумите (иако признавам, и јас сум размислил за таков момент). Јас би го фрлил кондомот околу волан и би ставил теписонски патосници. Другото си е џам, уживај во колата! :)

Благодарам за убавиот коментар и забелешките.

Се потрудив навистина околу самото претставување.

Мене пак многу ми се допаѓа тоа белото (инаку сребрено е, не е бело само не се познава вака 😁) и тоа баш минатата недела го направив.

Се зафркавам дека +10 на моќност дава 😂

Инаку теписонските ми се под гумените, не ми текнало одамна да ги изротирам иако кога ги перам едните ги перам и другите.

За воланот idk, навикнат сум вака да го гледам, како се чувствувам во рацете плус страв ми е да не го оштетам фабричкиот материјал при возење со голи раце на долг рок,  не сакам да се срози фабричкиот материјал.

БоМбона!

Тенкју fellow Opel-џијо. ✌🏻

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #4 на: 20 Јули 2024, 21:41:54 pm »
Многу се поголеми шансите да ја уништиш фабричката кожа на воланот вака, отколку без кондом.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1077
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #5 на: 20 Јули 2024, 23:22:01 pm »
Убо количе ама ко ќе видам на влака на волан или седишта (sick). Mоторот фиатов е или ?

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #6 на: 20 Јули 2024, 23:24:41 pm »
Гумица на пумпа за уље.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #7 на: 21 Јули 2024, 00:20:55 am »
Убо количе ама ко ќе видам на влака на волан или седишта (sick). Mоторот фиатов е или ?

Ах, сите хејтате навлака на воланот 😂
Уште некој коментар стварно ќе ме натерате 🤣

Инаку не знам со сигурност ама изгледа овој е од Fiat Fiat JTDm (Multijet)-series / Opel A20DTJ

Гумица на пумпа за уље.

А?

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #8 на: 21 Јули 2024, 00:36:06 am »
Убо количе ама ко ќе видам на влака на волан или седишта (sick). Mоторот фиатов е или ?

Ах, сите хејтате навлака на воланот 😂
Уште некој коментар стварно ќе ме натерате 🤣

Инаку не знам со сигурност ама изгледа овој е од Fiat Fiat JTDm (Multijet)-series / Opel A20DTJ

Гумица на пумпа за уље.

А?

Замени ја гумицата во прва прилика. На ибеј имаш и метална варијанта со гумица на неа.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #9 на: 21 Јули 2024, 00:36:53 am »
Убо количе ама ко ќе видам на влака на волан или седишта (sick). Mоторот фиатов е или ?

Ах, сите хејтате навлака на воланот 😂
Уште некој коментар стварно ќе ме натерате 🤣

Инаку не знам со сигурност ама изгледа овој е од Fiat Fiat JTDm (Multijet)-series / Opel A20DTJ

Гумица на пумпа за уље.

А?
Сабајле да ја виду без кондом!

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #10 на: 21 Јули 2024, 19:53:09 pm »
Убо количе ама ко ќе видам на влака на волан или седишта (sick). Mоторот фиатов е или ?

Ах, сите хејтате навлака на воланот 😂
Уште некој коментар стварно ќе ме натерате 🤣

Инаку не знам со сигурност ама изгледа овој е од Fiat Fiat JTDm (Multijet)-series / Opel A20DTJ

Гумица на пумпа за уље.

А?

Замени ја гумицата во прва прилика. На ибеј имаш и метална варијанта со гумица на неа.

За ова зборуваш?

Убо количе ама ко ќе видам на влака на волан или седишта (sick). Mоторот фиатов е или ?

Ах, сите хејтате навлака на воланот 😂
Уште некој коментар стварно ќе ме натерате 🤣

Инаку не знам со сигурност ама изгледа овој е од Fiat Fiat JTDm (Multijet)-series / Opel A20DTJ

Гумица на пумпа за уље.

А?
Сабајле да ја виду без кондом!

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk



Ќе биде ветувам 😬

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #11 на: 25 Јули 2024, 08:28:02 am »
Затемнување на заден сет стакла и шофершајбна

Пред



Потоа








Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #12 на: 25 Јули 2024, 10:11:12 am »
Заличила вака, не е како аквариум веќе.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #13 на: 25 Јули 2024, 10:18:31 am »
хаха да, бидна и тоа конечно ;D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #14 на: 25 Јули 2024, 10:23:51 am »
Се гледа ли нешто внатре со толку црна фолија ? Јас искрено не сум фан на вака ќутук црно, затемнето фала богу  дека да, ама вака.. Денски да враќам не гледам,навечер ништо нема да се гледа не мора само за враќање и на ретровизор ништо нема да приметиш по патишта.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html