Опис на возилото:
Станува збор за
Opel Insignia 2.0 CDTI (Insignia Sedan A) од 2009-та година со full опрема, која истата таа година била прогласена за
European Car of the Year.
Возилото е најдомаќински чувано колку што е можно: никогаш не е запалена цигара внатре, а внесувањето на миленици и храна е забрането.
За некого можеби смешно, но за мене тоа се принципи и иако не купен во 2024-та, кога сум внатре, имам чувство како да сум во ново возило.
Секогаш мириса убаво и никогаш немало потреба да се користат парфеми внатре.
Купена е од плац од 1 газда во 2020та со 180к км, а сега има 217к км.
Карактеристики:
•
Боја: Сива металик
•
Забрзување 0 - 100 км/ч: 11.1 сек
•
Максимална брзина: 205 км/ч
•
Стандард: Еуро 5
•
Моќност: 131 КС / 96 kW @ 4000 rpm
•
Максимален вртежен момент: 300 Nm @ 1750-2500 rpm
•
Цилиндри: 4
•
Garrett турбина 😋
•
Менувач: 6-брзински мануелен
•
Резервоар: 70л (проценети 1489 км)
•
Багажник: 520л / 1.465л со спуштени задни седишта
•
Димензии: Должина 4.83 м / Ширина 1.850 м / Висина 1.5 м
Ниво на опрема:
• Управувач: Подеслив по висина и длабочина, обложен со кожа
• Темпомат и ограничувач на брзина• Електрично прилагодливи и греени надворешни ретровизори• Греење на предна и задна шофершајбна
• Воздушни перничиња: 6 (возачко, патничко, странични, завеси за глава)
• Инструмент табла: Индикатори за сервисирање, промена на масло, преостанато масло, течност за ладење, предупредувања за брзина итн.; Needle sweep
• Осветлување: Подесување на украсно осветлување на инструмент таблата
• Автоматско заклучување
• Централно заклучување со далечинска команда + отворање на гепекот
• Помош при тргнување на нагорнина (Hill Assist)
• Предупредување за ненаместен појас
• Електрична рачна
• Автоматско спуштање на рачна при тргнување (Auto Brake Release)
• DVD Navi 800 (Sat Nav): фабричка навигација со податоци за 30 држави и 3,626,338 POIs
o Имам CD и оригинална опаковка од картите
•
9" Headunit: Резолуција 1280x720, поддршка за постоечката опрема, Android 10, Split Screen feature, 7708 FM/AM/RDS, ADAS DVR поддршка, безжична поддршка за Android Auto и CarPlay, копчиња во бои, 8ГБ РАМ & 128ГБ РОМ, 2 USB портови (2x од самото радио во фиоката; 2x напред во цигарата; 2х во наслонувачот кај возачот; 2х за патниците позади), слот за 4G SIM картичка за интернет + Wi-Fi
• Дополнителен професионален микрофон: Инсталиран кај возачот за повици и гласовни команди на Google Assistant/Siri
• Автоматски три зонски клима уред - Climatronic
• Индикатор за надворешна температура
• Простор за складирање во задната страна на возачкото и совозачкото седиште
• Држачи за чаши: Две напред до самиот наслонувач за шоферот, две позади со наслонувач на рака за патниците
• Преграда за очила за сонце
• Штитници за сонцето со огледала и осветлување: Автоматско според степенот на светлина
• Седишта обложени со текстил: Спортски, електрично прилагодливи, прилагодливи по висина
• Безбедносни системи: ABS, CBC, TCS, EBD, ESC, BA/EBA
• Имобилизер: Не дозволува стартување со погрешен клуч
• ISOFIX за детски седишта
• Браници во боја на каросеријата
• Паркинг сензори: Напред и позади, со звучно алармирање
• Систем за спречување кражба (Theft Deterrent System)
• Дневни светла (DRL)
• Предни светла за магла
• Автоматско вклучување на светлата при отклучување на автомобилот
• Сензор за автоматско вклучување на светла при стемнување
• Осветлување на внатрешниот простор напред и позади
• Амбиентално осветлување (жолта боја)
• Дополнително инсталирани LED RGB светла: Во секоја боја, различни режими според шеми, интервали, музика итн.
• Алуминиумски бандажи 18"
Дополнителна опрема и одржување:• Оригинално упатство за користење и одржување на Opel Insignia
• Оригинална Infotainment книга
• Флаер за оригинални Opel Insignia додатоци (аксесоари)
• Оригинална сервисна книшка: Запишани сервиси и печати во Германија
• Моја Opel сервисна книшка: Запишани сервисирања во Македонија
• Гуми: 4 нови Tigar Ultra High Performance 245/45 ZR18 100W, 2 нови SAVA ESKIMO HP 2 XL FP (набројаните гуми купени годинава, +2 исти SAVA купени минатата година)
• Акумулатор: Нов Exide Premium Carbon Boost 2.0 EA852 годинава
• Нов заден браник порачан од Opel Германија преку Аутомакедонија и наместен на 29.05.2024, соодветно според број на шасија, ист како и оригиналниот се разбира.
Горд сум што бојата не дели во ни еден дел воопшто иако возилото е од 2009-та, а браникот 2024та производство. (Сакајте си го возилото и одржувајте си го 😊)
Опрема купена и чувана во возилото:
• Headunit
• Дополнителен микрофон
• Теписонски и гумени патосници
• Гумена патосница за багажник
• Украсни капачиња за вентилите на гумите
• Сообраќаен сет за помош на пат
• Организатор за алат: Подеслив по висина
• Маски за нос и уста
• Средство за дезинфекција
• Мали и големи влажни марамици
• Паломи (суви)
• Кабли за полнење телефон: 2 type C (1 брз, 1 регуларен); 1 Lightning за iPhone
• Сет за промена на гума: Клуч, дигалка и крстач
• Зимски ланци
• Средства за чистење и одржување: Sonax, WD, Wurth, BRAVA Antifreeze +Coolant -56° G12 pink
• Безжична Xiaomi правосмукалка
Недостатоци кои би сакал да ги средам, а не сум го направил тоа бидејќи не знаев до сега каде да го направам тоа, а не сакав да експериментирам самиот:
- На возачката и совозачката страна на предните врати, до хромираните рачки (делот кај што се турка вратата за да се отвори) пластиката кај командните копчиња е обложена со црна фолија (фабричка) и има како меурчиња кои се настанати најверојатно од сонцето, а ги има уште кога го купив возилото ☹.
Би сакал да ги средам ама не знам каде да го направам тоа, ако имате предлог некој што ќе знае добро да ја заврши работата кажете ми во коментар, порака.