Не го прочитав фб постот ама ќе пишам на неколкуте работи што го прочитав погоре.
Треба да се прочитаат општите услови на услугата.
Не се јавил во орикс туку во центарот за помош на халк банка(сите провајдери мисла дека имаат различен број)
Помош на пат не значи дека било кој дефект ќе го поправат или пак ќе рефундираат ако го поправи дефектот на сервис(дури и таксативно се наведени кој дефекти/случаи се решаваат) и ако се користат делови тие не се покриени со полисата.
Шлеп од Лефкада до МК неам појма колку пари би чинело, ако трошокот е над лимитот тогаш ќе треба да се доплати разликата или си плаќаш услуга па си бараш рефундација до лимитот на осигурувањето.
Каков бил односот на операторот во халк банка не знам, не би сакал да верувам дека бил неписмен и не знаел што му следува на дечкото. Ама ова е Македонија и се е можно.
Ако не можеле да му обезбедат шлеп тогаш сам организираш и си бараш рефундација, само би барал писмено(вибер/смс/маил) да ме известат дека услугата е недостапна.
Како и да е, многу непријатно искуство е да имаш дефект било каде, ама има лимит на тоа што може да ти реши/пружи ова осигурување. Не знам дали и каква мрежа имаат орикс надвор од Македонија ама човекот што не возеше до хотелот раскажуваше дека ретко кој од вработените во шлеп се нафаќаат да возат до Лефкада и назад.