Автор Тема: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ  (Прочитано 10569 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #150 на: 21 Август 2024, 22:13:47 pm »
Само мене ли ми делува неозбилно ова со различни услови од различен дилер?
И никаде истакнато официјални услови и протокол туку собрани одговори од разно разни телефонски јавувања, мејлови итн?

Ај нека пукне некое цревце да видиме како точно и дали функционира ;D

И ја чекам, ама изненади алфана со рилајабилти на одмор... :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #151 на: 21 Август 2024, 23:41:59 pm »
Ќе извадам јас деновиве, ќе пријавам за некое време искуство, меганот ми најавува нешто, ќе ги покажи роговите кога ќе се напикам во некој шупак од место :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Zamisli

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #152 на: 29 Септември 2024, 23:48:17 pm »
Искуство со Мотоцентар ORYX:
Купен Европа пакет за Соренто 2007г.
Натоварен убаво со 2 деца (6 м. и 3 г.) и жена, пред да се приклучам на автопат за Солун ми пропаѓа кумплугот и тешко се менуваше брзина.
Некако застанав и ја стартнав апликацијата и го активирав тоа за повикување помош, чекав 4-5 мин никој не се јави (искрено не ни знам дали точната опција сум ја избрал).
Се јавив на телефонот за помош и веднаш ми кренаа, побараа податоци за колата да проверат дали и кој пакет го имам и каков проблем имам со колата. Ми предложија да ме побараат преку вибер.
Дечкото културно ми објасни кој ми се опциите:
1. Шлеп до МК (Гевгелија или  друг град по моја желба)
2.
-Превоз до хотелот или МК. Или
-Рент а кар, покриваат до 3дена по 50 евра со услов да се врати колата од местото од кај ќе ја донесат(Солун), и да доставиш потврда од сервис дека колата ќе биде сервисирана повеќе од 3 дена.

За сервис на возило не можат да дадат предлог ниту да гарантираат, единствено напоменаа ако сакам преку шлеп службата да средам.

Највеќе време потрошив на тоа што да изберам (дали да се враќам у МК или да идам даље) и вртење телефони на туристичка агенција, сервис итн…

Избрав шлеп до Скопје и превоз до хотел.
Напоменав дека сум со мали деца и товарен до даска, да дојдат со поголема кола.
Шлеп и превозот стигнаа за 40-50 мин. од кога се прејавив на Мотоцентар.

Помина месец дена, никаков документ или известување не сум добил за тоа што и колку сум искористил од осигурувањето 😁.

Најверојатно ќе се јавам да видам кој е статусот со искористеноста на пакетот, кога ги избрав опциите не ми најавија дека ќе треба да се доплати нешто.Ќе пишам пак кога ќе дознааа.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #153 на: 30 Септември 2024, 00:11:31 am »
Дали шлепот го плати?

Отсутен Zamisli

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #154 на: 30 Септември 2024, 13:19:40 pm »
Ништо не сум доплатил до сега, ниту пак спомнаа дека до Скопје ќе треба да доплаќам за шлеп.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #155 на: 01 Октомври 2024, 01:23:25 am »
Ништо не сум доплатил до сега, ниту пак спомнаа дека до Скопје ќе треба да доплаќам за шлеп.

Благодарност за информациите.
Никогаш не сум користел вакво нешто претходно, ама делува како паметна работа според твоево искуство.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #156 на: 03 Ноември 2024, 18:58:25 pm »
https://www.facebook.com/share/p/eqetkn4BPY3ZYW5e/

Интересно искуство ептен му се нашло осигурањево.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #157 на: 03 Ноември 2024, 18:58:53 pm »
https://www.facebook.com/share/p/vzB5BtZdE13h5QpF/

Едит: За некоја секунда ме превари Knight.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #158 на: 04 Ноември 2024, 07:58:31 am »
Џабе, не сме членови, дајте скриншот.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #159 на: 04 Ноември 2024, 09:02:18 am »
Избришан е постот.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #160 на: 04 Ноември 2024, 09:08:48 am »
А позитивно беше? За да се избриши треба да е негативно.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #161 на: 04 Ноември 2024, 09:09:53 am »
Негативно беше.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #162 на: 04 Ноември 2024, 10:22:11 am »
Ајде де, раскажете накратко.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #163 на: 04 Ноември 2024, 10:51:28 am »
Му се расипала колата на Лефкада, ја однел у близина имало на 300 метри мајстор, ја видел му рекол не може да се вози, оправка 300 еур. Се јавил у Орикс, му рекле чекај да побараме, па му се јавиле и да му речат дека е скапо шлеп од таму, требало и брод дрн дрн и го одјебале. После па му рекле кога е веќе на сервис, не важи асистенцијата, не може да ја земеме со шлеп. На крај им барал да му ги платат тие трошоци за сервисот таму, му рекле не може и така.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #164 на: 04 Ноември 2024, 10:55:49 am »
Значи ова ко вози ќе заврши...
Премногу добро звучи за 1000ка.