Автор Тема: Хомологација - Единечно одобрување без COC за возила без ЕУ типско одобрување?  (Прочитано 9361 пати)

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Не ми е јасно зашто вакво, високо квалитетно и пред се возило со малку километри неможе да помине хомологација?

Па голф 5ки со по милион киломеѕжтри е дозволено за влезе а на ова не.
Мора да има некое објаснување за ова

Од мое истражување:
Има два начини за да поминеш хомологација:

1. Идентификација
2. Единечно Одобрување

И овие две начини се опишани чисто во Законот за Возила.

Идентификација е за техничко лице да провери визуелно дали возилото е од одобрен тип во ЕУ и Америка. Ова се прави со проверување на e1 код на плочката на возилото или со проверување на COC документ. Од како ќе го проверат ова, вадат документ: Согласност за Регистрација, истиот ден се завршува.

COC не може да се извади, само фабриката тоа го вади.

Единечно одобрување е за единечно возило, кое не е ЕУ-US одобрено. Ова е посебна процедура и функционира вака:

1. Се носи возилото на увид.
2. Се доставува сертификат од правно лица во МК кое потврдува дека возилото задоволува ЕУ стандарди (изгледа ТИВ-МК).
3. Се доставува техничка документација од правен увозник за карастериски на возилото кое е одобрено во МК (Порше - МК).
4. Техничко лице од Хомологација проверува дали возилото на увид ги има овие карактеристики според ТИВ и Порше МК.
5. Оваа документација се испраќа во Биро за Метрологија, они одобруваат и после тоа се издава Согласност за Регистрација и процедурата трае 10+ дена.

Е сега, проблемот е што:

Од Порше Скопје не знаат или нејќат да ми извадат документ со технички спецификации (документ кој кажува како треба возилото да личи за МК пазар пр: волан на лева страна, дијаметар на кочници, вмро налепница, мвр миривче итн), додека се јавив во Порше Ротердам и ми кажаа само адреса да им кажам и да ми го пратат документот до дома, проблемот е што таа техничка документација важи за Холандија, не за Македонија.

Скоро сите од Хомологација не се запознаени со оваа процедура, ми кажуваат: "Ама дечко, без плочката не може", ги мешаат Идентификација и Единечно Одобрување, а без нив не може да се почне процедурата.

Воопшто не се ни јавив во ТИВ бидејќи 2 работи веќе ме блокираат.


превара се нашиве во Порше.
Само да грабаат. а за вршење услуга тоа јок.
Може да им текне сега они да прават така.
увези од горе и да ги шиткаат тука.
Се разбира за нив ќе важи законот, ќе се среди работа.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
    • ibiz.mk
Да ја обновиме темата, не сум увезувал одамна па дали се смениле законите
мислев дека за неколку дена ке завршам работа, царина, хомологација,...регистрација

царина е завршена, сега за хомологација чекам да го земам COC, ми кажаа за1-2 недели ке бидне,
одувек требало COC Или само за одредени возила.
се работи за  BMW 118d 2011,  увезено од германија.

Отсутен jane27

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Некаков апдејт во врска со темава?

Дали некој регистрирал возило кое првично немало еу типско одобрување е1?

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 110
Некаков апдејт во врска со темава?

Дали некој регистрирал возило кое првично немало еу типско одобрување е1?

Септември 2025 - Го сменија законот, според новиот закон сега може да се регистрира иако возилото нема EU одобрение (Кореја/Јапонија итн...). Ама мора фирма која што е овластена од Бирото за Метрологија.
Март 2026 - Го сменија законот пак, според новиот закон сега надлежност се префрла од Биро за Метрологија до Министерсто за Енергетика, Рударство и Минерални Суровини, што значи они се тие кои треба да имаат фирма назначена за хомологирање возила кои не се ЕУ одобрени.

Им пратив писмо да ми кажат дали имаат таква фирма веќе назначено, дали ако е одобрена веќе во една ЕУ држава одобрена важи и во МК и дали ако има веќе ЕУ сообраќајна се гледа како доказ дека е веќе ЕУ одобрена. Кога ќе добијам одговор ќе вратам статус:




Отсутен jane27

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Фирмите назначени за ова најверојатно се https://rgv.mk/ или теxничките служби кои веќе соработуваат со TÜV Nord, TÜV Süd, TÜV Rheinland за издавање TÜV сертификати?



Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 110
Фирмите назначени за ова најверојатно се https://rgv.mk/ или теxничките служби кои веќе соработуваат со TÜV Nord, TÜV Süd, TÜV Rheinland за издавање TÜV сертификати?




Треба официјална потврда за тоа, тие фирми издаваа TUV сертификати за CO2 при увоз, не за хомологација.

Отсутен portimao

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Ова би требало да се прави на технички преглед. Ако не, тогаш се чека некоја фирма да ЛАПНЕ тендер...

Отсутен jane27

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Не ми е јасно зашто вакво, високо квалитетно и пред се возило со малку километри неможе да помине хомологација?

Па голф 5ки со по милион киломеѕжтри е дозволено за влезе а на ова не.
Мора да има некое објаснување за ова

Од мое истражување:
Има два начини за да поминеш хомологација:

1. Идентификација
2. Единечно Одобрување

И овие две начини се опишани чисто во Законот за Возила.

Идентификација е за техничко лице да провери визуелно дали возилото е од одобрен тип во ЕУ и Америка. Ова се прави со проверување на e1 код на плочката на возилото или со проверување на COC документ. Од како ќе го проверат ова, вадат документ: Согласност за Регистрација, истиот ден се завршува.

COC не може да се извади, само фабриката тоа го вади.

Единечно одобрување е за единечно возило, кое не е ЕУ-US одобрено. Ова е посебна процедура и функционира вака:

1. Се носи возилото на увид.
2. Се доставува сертификат од правно лица во МК кое потврдува дека возилото задоволува ЕУ стандарди (изгледа ТИВ-МК).
3. Се доставува техничка документација од правен увозник за карастериски на возилото кое е одобрено во МК (Порше - МК).
4. Техничко лице од Хомологација проверува дали возилото на увид ги има овие карактеристики според ТИВ и Порше МК.
5. Оваа документација се испраќа во Биро за Метрологија, они одобруваат и после тоа се издава Согласност за Регистрација и процедурата трае 10+ дена.

Е сега, проблемот е што:

Од Порше Скопје не знаат или нејќат да ми извадат документ со технички спецификации (документ кој кажува како треба возилото да личи за МК пазар пр: волан на лева страна, дијаметар на кочници, вмро налепница, мвр миривче итн), додека се јавив во Порше Ротердам и ми кажаа само адреса да им кажам и да ми го пратат документот до дома, проблемот е што таа техничка документација важи за Холандија, не за Македонија.

Скоро сите од Хомологација не се запознаени со оваа процедура, ми кажуваат: "Ама дечко, без плочката не може", ги мешаат Идентификација и Единечно Одобрување, а без нив не може да се почне процедурата.

Воопшто не се ни јавив во ТИВ бидејќи 2 работи веќе ме блокираат.


превара се нашиве во Порше.
Само да грабаат. а за вршење услуга тоа јок.
Може да им текне сега они да прават така.
увези од горе и да ги шиткаат тука.
Се разбира за нив ќе важи законот, ќе се среди работа.

TÜV SÜD издава документ со технички спецификации (TÜV Datenblatt) за 290еур. https://www.tuvsud.com/de-de/store/auto-service/c/datenblattservice/prd-HBR-DBS-00-014

Потребно да се внесе:
- земја на увоз
- бренд
- тип
- број на шасија
- година
- број на мотор
- гориво
- слика од плочка на шасија
- слики од колата




Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4179
Да ти скратам маките, добро е се во теорија додека не налеташ на шалтер каде што ќе ти речат дека не е можно тоа. Убава е идејата да се заштедат 1-2-3.000 евра, но за жал практичната примена на идеите во нашата бирократија е многу лоша. Со среќа што и да правиш!
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен portimao

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
 Скоро биле влезени 4 коли од Кореја и поминале. Единечно одобување се правело кај некој теxнички во Илинден.

Отсутен jane27

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
кај сите се прави само треба соодветна документација - лист со спецификации од м-кар или европски тув