Стигна и фактурата за првиот сервис, направен на 33035 километри. Поминав точно 9000 километри за една година.
- Масло VW Original 0-20 (да, да) 4.2 литри: 3528 денари
- Филтер за полен: 2277 денари
- Филтер за воздух: 1651 денар
- Филтер за масло: 865 денари
- Штопна: 340 денари (ping
@marjanot )
- Моторче за резервоар за гориво: 1788 денари (За ова ми кажаа кога ја оставив колата дека било расипано. Јас не приметив. Ама па немам ставено гориво во колата од пред нова година. Капачето мислам дека го отворив на последното перење пред неколку недели. Може стварно се расипало моторчето.).
- Работни операции: 2428 денари
- ДДВ: 2318 денари
- Вкупно: 15.197 денари
На крајот на Ноември се појави некој чуден звук од под хауба. Отидов во Порше, ми кажаа дека е отидена пумпата за вода. Кај овие коли е електрична, не е на каиш. Среќа ја имаа на залиха и ја сменија истиот ден. Тоа задоволство ме чинеше вкупно 21.400 денари. 11.300 денари беше пумпата, 2000 денари за 4 литри антифриз, 4800 денари за работна рака и 3265 денари ДДВ. Неубаво изненадување, ама тоа е тоа.
Одиме понатаму.
