Добра работа е ПХЕВ, али си бара куќа или во најмала рака обезбедено паркинг место. И како што кажа Зеро, си бара да е од возачот да промени малце навиките во поглед на тоа дека треба кога ќе си дојде и да ја стави да се полни.
И искрено, не е некоја преголема промена. Си има временски интервал од колку саат до колку саат се полни за да се полни исклучиво на евтина струја, па јас и да ја стаам колата во двор и да ја уштекам и порано, ќе почне да се полни после 22:30 и ќе се полни до 06:30. Софтверот е паметно решен, си пресметува колку време ќе ѝ треба на колата да се наполни и не почнува да полни веднаш туку почнува да полни за колата да биде наполнета точно кога завршува интервалот за полнење.
Единствено што ми се случува е да заборавам понекогаш да ја ставам во двор па излегувам во пижами. И ме нервира што автоматски се гаси за 30 секунди ако види откачен каиш и не забележи товар на седиште. Отприлика толку време ми треба на доаѓање дома да искочам од кола и да ја отворам вратата од двор. И тамаааааан ќе се вратам во кола, ќе се изгаси.
Кај мене е малце проблем што батеријата е поголема, па не се полни за тие вечерни 6ч кога е ефтината струја, али не е толку проблем тоа секако доста ми се и 80% на пример.
Секоја вечер го уклучувам кога се прибирам, не пазам сеуште многу на тоа и до 7:30 сабајле кога сум на работа е скроз фулл.
Наредниот период ќе пробам да го ставам да се полни само во тајм слот модот зошто секако батеријата ми е повеќе од доволна за низ град, но често патувам и на отворено па заради тоа на почетоков претпочитам секое утро да имам 100%.
Што се однесува до гасењето, кај мене се гаси веднаш ако се отвори врата и се откачи каишот, ама го видов некаде у сетинзите, треба да го сменам тоа.
Сепак сеуште стојам на тоа дека како држава во Македонија е мачно да се живее со ПХЕВ а уште потешко со БХЕВ доколку немаш паркинг место со струја. Не е невозможно, но е многу потешко наспроти некој други држави каде што е поразвиена таа инфраструктура. Мислам дека хибридите на Тојота моментално се подобра опција за ова поднебје.
Полначите на ЕВН се со смешни цени и плус секогаш се зафанати со други возила, па за да ги користиш треба да викаш полиција, а и голем дел пак од тие полначи што се ставени во фирмите или паркинзите како маркетинг, не работат.
Пред некој ден на пример бев во Жан Митрев болницата, ставиле полнач на паркингот, си свети полначот се, го уклучувам во колата и пак си свети (слика) и ..... ништо
И на уште 2-3 места ми се има случено истото. А