Автор Тема: Volkswagen Golf 8 GTE  (Прочитано 24140 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #255 на: 28 Август 2024, 16:34:57 pm »
Се согласувам, но разликата би била мала. Сепак добро е да се има мерач на потрошувачка на тој штекер каде се полни колата.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #256 на: 29 Август 2024, 17:59:16 pm »
Се согласувам, но разликата би била мала. Сепак добро е да се има мерач на потрошувачка на тој штекер каде се полни колата.
Дефинирај што е тоа мала? Ефикасноста на трансформаторите ретко кога надминува 90%.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #257 на: 29 Август 2024, 18:27:14 pm »
Конкретно полначите од левел 2 имаат загуба од 5-10%. Ако дневно троши 9 kWh (пример 50тина км), тогаш според официјалните податоци од поризводителот на полначот тогаш полначот влече/троши 10 kWh (сметано со 10% загуба). На месечно ниво за наполнети 270 kWh, на полначот му требаат ≈ 300 kWh (толку ќе повлече од мрежата).

Многу ретко таа загуба е 15% (
1. пример тестот на Car and Driver со Tesla Model Y Performance, каде загубата е 14%, односно за наполнети 81 kWh се потрошени 92.2 kWh електрична енергија
2. пример ADAC тестот со Renault Zoe каде загубата на обичен домашен штекер е 24.2%, споредено со wall box каде загубата е 9.7%, се однесува на возило кое нема термално "управување" со батеријата)
« Последно менување: 29 Август 2024, 18:34:31 pm nestor04 »

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7023
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #258 на: 29 Август 2024, 21:23:00 pm »
nestorGPT04

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #259 на: 29 Август 2024, 21:37:24 pm »
Треба усовршување уште малку. Во брзината на пишување се случува некоја буква да се голтне.
Кога работиш 160 часа месечно ваква работа, ти станува навика. Good morning/good afternoon... This endorsement amends adding vehicle ... итд, итд, цел ден писмена комуникација  ;)

Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 636
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #260 на: 05 Септември 2024, 22:46:13 pm »
@zero како е годишното одржување на колата ?

Дали делот со бензински мотор си се одржува како секоја друга обична кола, сервис на година дена или 10/15 илјади километри ?

Дали делот со електричен мотор и батерија се сервисираат заедно со сервисот на бензинскиот мотор или посебно ?
И ако е посебно, колку често и што има за одржување кај електричниот мотор (валјда нема уље, ама што има :) ) ?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29512
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #261 на: 06 Септември 2024, 13:17:34 pm »
Редовен сервис како кај било кој турбо-бензинец, еднаш годишно или на 15.000 км. Немам појма колку би чинело. Кога ја земав колата, направија редовен сервис.

За батеријата и електромоторот нема некакво конкретно одржување, освен инспекција на секој редовен сервис.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34045
  • Таков е животот... јебига
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #262 на: 07 Септември 2024, 00:25:14 am »
освен инспекција на секој редовен сервис.
Доаѓаат од УЈП и ти викаат: Од кај ти тебе пари бе за GTE? ;D

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1285
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #263 на: 08 Септември 2024, 01:13:50 am »
Интересно прашање е дали бензискиот мотор (кој не проаѓа 15К км годишно) може да се сервисира на пример на 2 години (ако се земе дека еве ќе пројде 7,5К км годишно)
Да земеме дека ова возило поминува 80% на струја, за градски потреби како и кај мнозинството од нас. 

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34045
  • Таков е животот... јебига
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #264 на: 08 Септември 2024, 12:54:40 pm »
Интересно прашање е дали бензискиот мотор (кој не проаѓа 15К км годишно) може да се сервисира на пример на 2 години (ако се земе дека еве ќе пројде 7,5К км годишно)
Да земеме дека ова возило поминува 80% на струја, за градски потреби како и кај мнозинството од нас. 

Е тоа е прашање од милион долари, многу интересно.
Како што знаеме, зависи од многу фактори, на пример од квалитетот на маслото, стилот на возењет дали претежно е на ладно или загреано, влажноста во регионот, режимот на возење дали е агресивно или не, квалитетот на горивото, состојбата на моторот дали пропушта гасови или не низ кариките, ефикасноста на PCV вентилот и многу други фактори.
Според некои Јутуб канали што ги следам од скоро каде испитуваат масла, испаѓа дека 2 години животен век за маслото е мачкина кашлица. Ама заклучокот секогаш се сведува на истото: Маслото е ефтино, моторот не е.
Затоа си наоѓаш другарче со канал, отштрафуваш штопна, исечеш шише од 6л од вода на пола и смениш масло, сипеш ново, ни филтер немаш потреба од промена толку често ако не се изминати бајаги километри. Simple as that.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #265 на: 08 Септември 2024, 13:01:03 pm »
Се согласувам во 99% освен ова:
Да смениш уље а да не смениш филтер е исто ко да се избањаш и старите гаќи да ги облечеш, и тоа 3 4 пати :D

250 денари е филтер.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29512
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #266 на: 08 Септември 2024, 14:03:00 pm »
Муабетот за сервисирање е валиден. Факт е дека бензинскиот мотор работи помалку - и во однос на работни часови и во однос на километри.

Е сега...

И оваа кола како и старата ќе биде сервисирана во пропишаните интервали. Колку кажува производителот, толку. Не сум ниту доволно искусен ниту доволно едуциран да мислам дека знам подобро од инженерите кои ја развиле колата. Секако, тука е и Заработка Факторот на самиот производител/импортер и можеме на долго и на широко да ја дискутираме таа тема - но ете, едноставно не ми се ризикува ниту експериментира, и да бидам искрен, не ми се ни замара.

Соодветно на тоа - исто како додека го имав стариот Голф, нема да се замарам со тоа какво уље ставиле, па каква градација, па овој стандард, оној стандард. Тие муабети едноставно ги имам целосно заборавено. Какво треба, такво.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6102
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #267 на: 08 Септември 2024, 16:13:21 pm »
Колку побрзо се расипе - толку побрзо ќе купиш нова, така?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34045
  • Таков е животот... јебига
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #268 на: 08 Септември 2024, 21:15:27 pm »
Муабетот за сервисирање е валиден. Факт е дека бензинскиот мотор работи помалку - и во однос на работни часови и во однос на километри.

Е сега...

И оваа кола како и старата ќе биде сервисирана во пропишаните интервали. Колку кажува производителот, толку. Не сум ниту доволно искусен ниту доволно едуциран да мислам дека знам подобро од инженерите кои ја развиле колата. Секако, тука е и Заработка Факторот на самиот производител/импортер и можеме на долго и на широко да ја дискутираме таа тема - но ете, едноставно не ми се ризикува ниту експериментира, и да бидам искрен, не ми се ни замара.

Соодветно на тоа - исто како додека го имав стариот Голф, нема да се замарам со тоа какво уље ставиле, па каква градација, па овој стандард, оној стандард. Тие муабети едноставно ги имам целосно заборавено. Какво треба, такво.
За да то продадат ново што поскоро ќе ти стават и змиско масло. Just sayin.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2655
  • Слобода или смрт
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #269 на: 08 Септември 2024, 21:28:30 pm »
Змиското масло нели е поскапо од обичното? Just sayin