Автор Тема: Volkswagen Golf 8 GTE  (Прочитано 26269 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #240 на: 21 Август 2024, 20:42:54 pm »
Ја полнам колата со обичниот домашен полнач што си дојде со колата. Полначот е 2.3 kW и ја полни батеријата за околу 5 саати. Полнам ноќе, на евтина струја.

Изведов надворешен обичен утикач на место кое ми е практично. До него има малку подебел кабел за да може да издржи подолгорочно оптеретување, ама оптеретувањето не е големо. Не сум сигурен колку ампери е осигурачот, треба да проверам. Има и опција за поспоро полнење и тогаш му треба повеќе време, ама помалку оптеретува. Така полнев во камп на одмор. :)

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 344
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #241 на: 21 Август 2024, 21:00:22 pm »
Колку ти иди сметка за струја сега со колава?

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 673
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #242 на: 21 Август 2024, 21:05:33 pm »
Фала за брзиот одговор.
Извини за може глупото прашање, од колата ти излегува обичен кабел, ко на правосмукалка, и го приклучуваш во штекер ?
Или како ?

Дали колата ти стои надвор, на елементите (топло лето, ладно зимо) или во гаража ?
Ако е надвор, како тоа влијае на батеријата , или нема некој голема разлика ?

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #243 на: 21 Август 2024, 21:22:59 pm »
Со 7.2 kW полнач треба околу 40 амперски осигурач. За 2.3 kW доволен е и 15 амперски осигурач, нормално ако се користи само за полнење на колата.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 673
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #244 на: 21 Август 2024, 21:28:25 pm »
Со 7.2 kW полнач треба околу 40 амперски осигурач. За 2.3 kW доволен е и 15 амперски осигурач, нормално ако се користи само за полнење на колата.
Што осигурувач треба за тие Type 2 полначи со излезна моќност 22kW ?

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #245 на: 21 Август 2024, 21:32:18 pm »
Околу 100А, освен ако е на трофазна и користи максимум 32А на 380V тогаш е доволен 35А на трофазна.
« Последно менување: 21 Август 2024, 21:37:21 pm nestor04 »

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 673
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #246 на: 21 Август 2024, 21:41:14 pm »
Околу 100А, освен ако е на трофазна и користи максимум 32А на 380V тогаш е доволен 35А на трофазна.
Ок, гледам си ја поправил оригиналната порака. Фала.
И јас така видов, 32ампери со трофазна струја за Type 2
Категории на моќност
16А Еднофазен: 3.7 kW     32А Еднофазен: 7.4 kW
16А Трифазен: 11 kW        32А Трифазен: 22 kW

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #247 на: 22 Август 2024, 08:19:25 am »
Фала за брзиот одговор.
Извини за може глупото прашање, од колата ти излегува обичен кабел, ко на правосмукалка, и го приклучуваш во штекер ?
Или како ?

Дали колата ти стои надвор, на елементите (топло лето, ладно зимо) или во гаража ?
Ако е надвор, како тоа влијае на батеријата , или нема некој голема разлика ?

Дап, баш така. Не е само кабел-кабел, си има и електроника, ама тоа е тоа.



Да, колата стои надвор. На татко ми колата е во гаража.

Во зима опсегот беше околу 20-25% помал, ама тогаш уште се учев. Кога ја земав колата со полна батерија покажуваше рејнџ од околу 38-39 километри, сега оди и до 55-57, зависи како ја возам. Сега рејнџот е околу 53-55 без клима, односно околу 45 со клима. Во секој случај, со моите потреби, многу ретко ја испразнувам батеријата за еден ден. Кога немам премногу обврски, се случува и на 2 дена да ја полнам.

Колку ти иди сметка за струја сега со колава?

Разликата е незабележлива, а и немам (сега за сега) како да измерам колку струја точно е потрошено за колата. Правам некои измени во инсталацијата, па најверојатно ќе стаам мерач на утикачот кој го користам за колата, да мери. Во секој случај, финансиската разлика во однос на возење на бензин/дизел е огромна.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #248 на: 22 Август 2024, 08:35:43 am »
Имам колеги во Белгија и Холандија, имаат PHEV BMW-иња, Маерцедеси и други возила и никогаш не ги ставиле на полнач, не знаат ни каблите каде им се ни како се уклучуваат на полнење.

Тоа ти е кога бензинот е службен

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #249 на: 22 Август 2024, 08:52:33 am »
Имам колеги во Белгија и Холандија, имаат PHEV BMW-иња, Маерцедеси и други возила и никогаш не ги ставиле на полнач, не знаат ни каблите каде им се ни како се уклучуваат на полнење.

Тоа ти е кога бензинот е службен

Фирмата зема под лизинг “еко„ возила. Добива даночни поволности заради тоа.
Ги дава на вработените како нефинансиски бонус, заради одбегнување повисоки давачки доколку им даде финансиски бонус.
Вработените среќни, имаат добра плата, кола од фирма, немора приватно да плаќаат лизинг или кредит за возило, бидејќи фирмата им ја дава колата.

Никој не се замара за струја, кабли, екологија, ефтино возење.

Вака отприлика се движат работите, плус/минус уште некоја штелка во финансиски извештаи на крај на година.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #250 на: 22 Август 2024, 12:04:06 pm »
Колку ти иди сметка за струја сега со колава?
Ниска ќе да е бидејќи полни дома на евтина (ноќна) и субвенционирана струја. Кога би полнел на полнач од ЕВН, би било поскапо него ли V6 да вози.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #251 на: 22 Август 2024, 12:29:21 pm »
Имам колеги во Белгија и Холандија, имаат PHEV BMW-иња, Маерцедеси и други возила и никогаш не ги ставиле на полнач, не знаат ни каблите каде им се ни како се уклучуваат на полнење.

Тоа ти е кога бензинот е службен

Мајсторот со хилтата.

Колку ти иди сметка за струја сега со колава?
Ниска ќе да е бидејќи полни дома на евтина (ноќна) и субвенционирана струја. Кога би полнел на полнач од ЕВН, би било поскапо него ли V6 да вози.

Интересни се и таму математиките.

100 километри на трет блок би ме чинеле околу 190 денари, ако сметам некоја потрошувачка на струја од 17 kWh на 100 km.

Во четврт блок 100 километри би ме чинеле околу 400 денари. На полначите на ЕВН околу 425.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #252 на: 22 Август 2024, 12:50:13 pm »
Ако имаш 13KWh батерија, а поминуваш 45Km, тогаш за 100Km ти требаат околу 28-29KWh.
28x25=700ден

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #253 на: 22 Август 2024, 13:14:46 pm »
13 kWh е батеријата, достапни се 10 kWh. Најниска просечна потрошувачка која сум ја видел е 16.2 kWh / 100 км. Летово е околу 17 - 18 kWh.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #254 на: 28 Август 2024, 16:28:58 pm »
Треба пресметката да се прави на „пумпа“, а не по борд. Бордот којзнае што му значат тие 17kwh. Дали се повлечени од штекер, дали се употребени од мотор, или се на ниво на батерија. Тука има многу неефикасности. Затоа треба од штекер една споредба со мерач и така ќе се знае колку KWh потрошило за да „наполни“ 17kwh или како и да се бројките, и колку се поминало со тие конкретни наполнети киловати од штекер.