Автор Тема: Volkswagen Golf 8 GTE  (Прочитано 26221 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #210 на: 07 Мај 2024, 12:28:23 pm »
Пишав во темата за потрошувачка - одење и враќање, 5.5.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #211 на: 07 Мај 2024, 14:08:28 pm »
Пишав во темата за потрошувачка - одење и враќање, 5.5.

Еве веќе подолго време го возиш количето, ги пратам постовите каде што ја ставаш потрошувачката итн.
Дали оваа потрошувачка на гориво е поврзана со начинот и стилот на возење? (Веројатно многу да) ....
Верувам дека во моментот си ориентиран на некоја да речам нормална вожња (возење по знаци и без нагли забрзувања, цимања, газења или гмечења народски кажано) ... Верувам дека на 6-ката воопшто не му придаваше значење на стилот на возење (со претходните жаргонски изрази)... Потрошувачката беше горе доле 6л + / - максимум литар и тоа со дизел ....

Дали мислиш дека оваа потрошувачка од 5,5л на 100 поминати километри има оправдана економска исплатливост кога би направиле на пример една директна споредба со класичен турбо бензинец каде што реалната потрошувачка на гориво му е во најлош случај 1 литар повисока од оваа кај тебе? (Еве кажа 5,5 на отворено, цирка 500 км)

Ајде ке дадам една конкретна споредба со моето Пежо 2008, 1.2 тб, 130кс.
Грција и назад, со чекање на граница од некои си 1 час вкупно, тргни застани, работи во место, просечна потрошувачка од 5,8л и просечна брзина од 75 км/ч. Пред граница кога полнев гориво беше 92 км/ч. Возење по знаци генерално со +/- 10 км/ч.
Имам слики само во еден правец на возење, за враќање заборавив да сликам. јбга.
Генерално кога не пазам потрошувачката знае да се качи над 6 л, или пак ако ја нагазиш +20 +30 км/ч знае да стигне и до 6,5 или со туле максимум што качила е 7,5 (Пак ке речам траекти, граници, товарен како у бивша Ју...со мало и големо дете и жена)

Ова го кажувам чисто да видиме како би идела паралелата со плагин хибрид и класичен турбо бензинец... По ова изгледа дека разликата е сосема мала (отворен пат) а можеби и никаква кога во вкупната сума би ја додале и струјата за полнење.
Нели, и неа мора да ја сметаме...

Во однос на градско возење и потрошувачка. Јас лично колата и да не ја возам во град, а кога ја возам обично потрошувачката се движи од 7 до 8 литра, а кога ја вози женами, а она ја вози најчесто, потрошувачката знае да дојде и до неверојатни 10 + литри во град.  ::)

Во градски услови плагинот е поекономичен, но не до толку многу за да може да се каже: Е ОВА Е ТОА.  ;D
Може да ја тераме дискусијава, интересна е, ако треба може и да се премести постов во соодветна тема за тоа.

Зборот е:
Споредба - Цена на редовни сервиси. Цена на редовни сервиси на одреден број километри и на подолгорочен план.
Разлика во цена на потрошувачка краткорочно и долгорочно.

И она што првично го прашав како опција: Дали мислиш дека е економски оправдана инвестиција после еден ваков пресек....  (не ставаме кефови вкусови, мераци ... тоа е друга тема на муабет  8) )

« Последно менување: 07 Мај 2024, 14:33:03 pm SaleSk »
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 496
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #212 на: 07 Мај 2024, 14:28:05 pm »
@SaleSk еве класичен турбо бензинец, до Грција и назад 5.5 (натаму 5.2, наваму 5.8 ), со средна брзина од 75км/ч. Фул товарен, со паузи, граница, со возење над знаци (слика од казна во прилог), забрзувања...

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #213 на: 07 Мај 2024, 14:40:20 pm »
И она што првично го прашав како опција: Дали мислиш дека е економски оправдана инвестиција после еден ваков пресек....  (не ставаме кефови вкусови, мераци ... тоа е друга тема на муабет  8) )

Дали е економски оправдана инвестиција? Зависи какви ти се потребите и навиките (и секако, по која цена ќе ја купиш колата). За мене економската исплатливост на отворено е неважна.

Размислував каква кола да купам. Гледав опција и турбодизел, гледав опција и турбо-бензин, гледав опција и PHEV. Од турбодизел се откажав највеќе поради тоа што сакав да сменам. Веќе 12 години го возев стариот Голф и бев ептен задоволен. Гледав и турбо-бензин ама не ми излегуваше математиката за тоа што сакав. На крај искочи PHEV, за кој се одлучив од повеќе причини.

Една од причините е мојот (лично мојот, не го наметнувам на никој друг) начин на користење на колата. Јас (грубо) околу 85-90% од километрите ги поминувам низ град и поминувам околу ~40 километри на ден. Имам каде да ја полнам колата секоја вечер на евтина струја. Моето резонирање е прилично straightforward (барем за мене) - ако мојата потрошувачка на бензин 90% од километрите е 0 (или блиску до 0) литри на 100 километри, ич не ме интересира колку ќе троши тие 10% од километрите кога ќе возам на отворено. Процентот на поминати километри кога потрошувачката на бензин е екстремно ниска (или никаква) е неколкукратно поголем од процентот на километри кога колата троши 5, 6 па еве и 10 литри на 100 километри. Нека троши.

А и да ја пресметаме струјата во целата таа математика - ако мене 100 километри ме чинат 80 денари, тогаш просечните (за македонски возач) 1000 километри месечно ги поминувам за 800 денари. Тоа е незначително зголемување на сметката за струја, додека сметката за бензин може да биде 0 (или блиску до 0) денари.

За мене и моите навики и потреби (и повторно потенцирам, моите) - да, баш како што кажуваш, за плагинот можам да кажам Ова Е Тоа. Не инсистирам дека е идеалното решение за секого и самиот кажувам бара одредени промени во навиките. Бара редовност за полнење, бара (безбеден) приклучок за струја, итн, итн, итн. Ама ги имам бенефитите на возење на струја (тивко, рафинирано, сосем доволно брзо и на струја само, евтино возење) а ги немам замарањата од типот „дали ќе стигнам“, „дали ќе имам доволно струја“, „дали ќе имам каде да полнам“ и слично.

Да, признавам дека се случило околу 10-11 вечер да ми текне дека сум заборавил да ја ставам колата во двор, или сум ја ставил ама сум заборавил да го уштекам полначот и дека тие моменти не ми се омилени, ама ги гледам како прифатлив екстра чекор во текот на денот.

Ама ако човек е спремен малку од малку да се адаптира кон возилото и самиот вид на возило одговара на неговиот use case - стварно мислам дека е прилично добро решение.

Едит: Зврцни или пиши кога сакаш, ќе се договориме да свртиме кругче. :)
« Последно менување: 07 Мај 2024, 15:11:08 pm zeroSignal »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #214 на: 07 Мај 2024, 15:42:13 pm »

И она што првично го прашав како опција: Дали мислиш дека е економски оправдана инвестиција после еден ваков пресек....  (не ставаме кефови вкусови, мераци ... тоа е друга тема на муабет  8) )


Јас економската исплатливост би ја гледал во градското возење. Мислам дека тука „кине“ плаг-ин хибридов. А компаративна предност во однос на фул електрик е што не киснеш на пуначи кога одиш на одмор.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #215 на: 07 Мај 2024, 15:54:55 pm »
Тоа е муабетот, нема правилен/погрешен избор, туку само избор согласно потребите.
За некој што патува меѓуградски/државно секако дека ниедна варијанта со струја не е логична.
Останува колку чинат заменски батерии, бидејќи и тие имаат рок.
Како на времето коа се збореше за дизелите, ќе штедиш едно рокање дизна и отиде заштедата.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #216 на: 07 Мај 2024, 15:57:59 pm »
Батериите имаат гаранција од 8 години, односно 180.000 километри. За тоа, не се замарам многу-многу. Си стои позади у глава некаде, ама така е со било која кола - ете, и со дизните на дизелот. Секогаш постои некој потенцијално скап квар. Ако се деси беља, гаранција, ќе се заменат. Ако изгубат капацитет - океј, изгубиле капацитет. Нека изгубат 30% капацитет, тоа значи дека ќе можат ~35-37 километри да поминам на струја наместо ~50-52. Да сме живи и здрави.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #217 на: 07 Мај 2024, 15:59:27 pm »
И она што првично го прашав како опција: Дали мислиш дека е економски оправдана инвестиција после еден ваков пресек....  (не ставаме кефови вкусови, мераци ... тоа е друга тема на муабет  8) )

Дали е економски оправдана инвестиција? Зависи какви ти се потребите и навиките (и секако, по која цена ќе ја купиш колата). За мене економската исплатливост на отворено е неважна.

Баш ми е драго.

Моето резонирање е прилично straightforward (барем за мене) - ако мојата потрошувачка на бензин 90% од километрите е 0 (или блиску до 0) литри на 100 километри, ич не ме интересира колку ќе троши тие 10% од километрите кога ќе возам на отворено. Процентот на поминати километри кога потрошувачката на бензин е екстремно ниска (или никаква) е неколкукратно поголем од процентот на километри кога колата троши 5, 6 па еве и 10 литри на 100 километри. Нека троши.

Тоа и ми беше поентата на целиот муабет.
Возило кое што првенствено според твоите потреби би трошело онолку со колку би бил задоволен. И она, нека троши кога ке троши. Се разбира. Кога кантарот е апсолутно баш на оној дел каде што возилото ја има примарната функција! Секундарната е инцидентна :)

Ама ако човек е спремен малку од малку да се адаптира кон возилото и самиот вид на возило одговара на неговиот use case - стварно мислам дека е прилично добро решение.

Секој пат мора да се направи компромис за да бидеме задоволни блиску до нашите очекувања :)

Едит: Зврцни или пиши кога сакаш, ќе се договориме да свртиме кругче. :)

Обавезно, да се ослободам од обврски...


И она што првично го прашав како опција: Дали мислиш дека е економски оправдана инвестиција после еден ваков пресек....  (не ставаме кефови вкусови, мераци ... тоа е друга тема на муабет  8) )


Јас економската исплатливост би ја гледал во градското возење. Мислам дека тука „кине“ плаг-ин хибридов. А компаративна предност во однос на фул електрик е што не киснеш на пуначи кога одиш на одмор.

Апсолутно тоа е и поентата на ваквото возило.

---
Има време, има тема за дискусија, добри паралели може да направиме.
Со споредба на редовни и тековни одржувања :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #218 на: 07 Мај 2024, 16:09:47 pm »
И она што првично го прашав како опција: Дали мислиш дека е економски оправдана инвестиција после еден ваков пресек....  (не ставаме кефови вкусови, мераци ... тоа е друга тема на муабет  8) )

Дали е економски оправдана инвестиција? Зависи какви ти се потребите и навиките (и секако, по која цена ќе ја купиш колата). За мене економската исплатливост на отворено е неважна.

Баш ми е драго.

Поентата ми е дека значително поголем дел од километрите ги проаѓам во град, а таму колата троши малку (односно може воопшто да не троши бензин). Многу помал дел од километрите ги проаѓам на отворено, па баш бидејќи огромен дел од километрите ги правам во град и таму остварувам значителна заштеда, економската исплатливост на отворено ми е неважна.

Тоа и ми беше поентата на целиот муабет.
Возило кое што првенствено според твоите потреби би трошело онолку со колку би бил задоволен. И она, нека троши кога ке троши. Се разбира. Кога кантарот е апсолутно баш на оној дел каде што возилото ја има примарната функција! Секундарната е инцидентна :)

Така де, јас си ги ставив на кантар моите потреби и мислам дека сосем доволно добро ги објаснив во претходниот пост.

Има време, има тема за дискусија, добри паралели може да направиме.
Со споредба на редовни и тековни одржувања :)

Секако, со задоволство ќе си ги мериме. ;D

Во однос на редовни и тековни одржувања - сервисниот интервал е 15.000 км или 1 година. Редовниот сервис не очекувам да е нешто поскап од редовен сервис за 1.4 или 1.5 TSI. Дополнително, на „моја страна“ се ствари како кочници. Колата има поминато до сега 27000+ километри, плочките и дисковите се мање-више како нови. :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7239
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #219 на: 07 Мај 2024, 17:30:28 pm »
Некако, пофер компарација ми би била со турбо бензинци со 250 кс колку што има Голфот вкупно. Со најдомаќинско возење трошат околу 8-9 литри на отворено, во зависност од граници, товар, ветер, дожд етц. Градска е 11-13 литри. Aко земеш да го газиш, додај по 2-3 литри плус.

Отсутен Majstoriste

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #220 на: 08 Мај 2024, 00:58:58 am »
И она што првично го прашав како опција: Дали мислиш дека е економски оправдана инвестиција после еден ваков пресек....  (не ставаме кефови вкусови, мераци ... тоа е друга тема на муабет  8) )

Дали е економски оправдана инвестиција? Зависи какви ти се потребите и навиките (и секако, по која цена ќе ја купиш колата). За мене економската исплатливост на отворено е неважна.

Размислував каква кола да купам. Гледав опција и турбодизел, гледав опција и турбо-бензин, гледав опција и PHEV. Од турбодизел се откажав највеќе поради тоа што сакав да сменам. Веќе 12 години го возев стариот Голф и бев ептен задоволен. Гледав и турбо-бензин ама не ми излегуваше математиката за тоа што сакав. На крај искочи PHEV, за кој се одлучив од повеќе причини.

Една од причините е мојот (лично мојот, не го наметнувам на никој друг) начин на користење на колата. Јас (грубо) околу 85-90% од километрите ги поминувам низ град и поминувам околу ~40 километри на ден. Имам каде да ја полнам колата секоја вечер на евтина струја. Моето резонирање е прилично straightforward (барем за мене) - ако мојата потрошувачка на бензин 90% од километрите е 0 (или блиску до 0) литри на 100 километри, ич не ме интересира колку ќе троши тие 10% од километрите кога ќе возам на отворено. Процентот на поминати километри кога потрошувачката на бензин е екстремно ниска (или никаква) е неколкукратно поголем од процентот на километри кога колата троши 5, 6 па еве и 10 литри на 100 километри. Нека троши.

А и да ја пресметаме струјата во целата таа математика - ако мене 100 километри ме чинат 80 денари, тогаш просечните (за македонски возач) 1000 километри месечно ги поминувам за 800 денари. Тоа е незначително зголемување на сметката за струја, додека сметката за бензин може да биде 0 (или блиску до 0) денари.

За мене и моите навики и потреби (и повторно потенцирам, моите) - да, баш како што кажуваш, за плагинот можам да кажам Ова Е Тоа. Не инсистирам дека е идеалното решение за секого и самиот кажувам бара одредени промени во навиките. Бара редовност за полнење, бара (безбеден) приклучок за струја, итн, итн, итн. Ама ги имам бенефитите на возење на струја (тивко, рафинирано, сосем доволно брзо и на струја само, евтино возење) а ги немам замарањата од типот „дали ќе стигнам“, „дали ќе имам доволно струја“, „дали ќе имам каде да полнам“ и слично.

Да, признавам дека се случило околу 10-11 вечер да ми текне дека сум заборавил да ја ставам колата во двор, или сум ја ставил ама сум заборавил да го уштекам полначот и дека тие моменти не ми се омилени, ама ги гледам како прифатлив екстра чекор во текот на денот.

Ама ако човек е спремен малку од малку да се адаптира кон возилото и самиот вид на возило одговара на неговиот use case - стварно мислам дека е прилично добро решение.

Едит: Зврцни или пиши кога сакаш, ќе се договориме да свртиме кругче. :)
Ова е класичен пример како да се користи PHEV. Ако нечии потреби или дневна рутина не влегува во ова објаснување, овој погон не е за него. Затоа и PHEV не ги оправда очекувањат за екологија ниту за економија. Воглавно ги купуваа компании заради даночни олеснувања и ги даваат на некој комерцијалист заедно со неограничена картица за гориво. Пошто немаат услов за обавезен % на км поминати на струја не се замараат да штекаат во струја и дневните 200/300 км ги цепаат само на гориво. Дополнително и релативно спорото полнење на струја ја дотепува ситуацијата и ги прави овие возила уште по не практични за комерцијалисти/трговски патници. Но, кога ќе истече лизингот, PHEV е идеален погон за да се купи половно доколку се користи како што е опишано, дневна рутина до 40 км и штекање преку ноќ на ефтина струја.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #221 на: 08 Мај 2024, 11:35:23 am »
Неповрзано со муабетов, дефинитивно ќе треба да си купам еден коректор кит од Порше МК. Веќе имам зуцка од камче на хауба. Дури може да размислам и за PPF на хауба.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3413
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #222 на: 08 Мај 2024, 13:03:12 pm »
Неповрзано со муабетов, дефинитивно ќе треба да си купам еден коректор кит од Порше МК. Веќе имам зуцка од камче на хауба. Дури може да размислам и за PPF на хауба.

Исто, една убава зуцка имам на хауба и браникот е лом од ситна ризла, секако прво коректор па PPF.

Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 913
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #223 на: 08 Мај 2024, 13:45:26 pm »
Неповрзано со муабетов, дефинитивно ќе треба да си купам еден коректор кит од Порше МК. Веќе имам зуцка од камче на хауба. Дури може да размислам и за PPF на хауба.

PPF хауба, преден браник и предни крила.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5453
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #224 на: 08 Мај 2024, 13:46:07 pm »
Уште две три, еднаш да те потфатат на паркинг и нема да ги примеќаш веќе :D


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html