Одморски извештај.
На 21.07 у рано утро тргнавме накај Фелдкирх, Австрија. Приколката веќе беше спремна, закачена, ставени точкови и све, требаше само „лајт-чек“ и да тргнеме.

Овој пат бевме потешки отколку на краткиот одмор во Холандија, ем башка, патот беше повеќе од дупло подолг. У глобала, океј поминавме по пат, со тоа што нормално, влечењето приколка бара комплетно менување на начинот на возење, и многу, ама мноооогу повеќе пазење, особено при претицање. Неколку пати бувна страничен ветер, ама без никакви последици. На автопатот А7 има многу делови што се јаки угорници и удолници, па тие на моменти беа интересни за возење, пошо треба соодветно да се планира секој потег. Тоа што ептен ми направи мерак, беше моќта што возилото ја има на располагање, што беше ептен приметливо кога на угорници требаше да претицам некој.
Натаму, поминати 744 километри, потрошени 102.9 литри бензин, 46.8 кВч струја, регенерирани 42.9 кВч. Просеците за оваа фаза викаат 13.83 л/100 км бензин, 6.29 кВч / 100 км струја, реген. струја 5.76 кВч / 100 км.


Убавата работа со приколка е што има повеќе место на располагање од кампинг-комбе, ем е флексибилно - приколката ја оставивме во кампот, и бевме у неколку наврати со кола да шетаме. Со оглед на тоа што се утепа од врнење, можноста на шетање со кола ни беше од исклучителна важност. Ако бевме со комбе, прилично сум сигурен дека ќе го скратевме одморот и порано ќе се вратевме дома.
Додека бевме таму, направивме неколку локални излети, два излети во Швајцарија, до Цуг кај пријатели, и друг ден до водопадите на Рајна и градот Констанц. Швајцарија е прекрасна земја, дури и со облаци и дождови. Уште попрекрасна кога времето ќе се погоди.


При крај на одморот бевме три дена во Италија, во околина на Комо. Преминот Сан Бернардино е нешто неописливо и препорачливо да се доживее на лице место (чекам невестата да ги сподели сликите), додека Комо и околината, да бидам искрен, ми се извикани и не ми е јасно зашто толку се дига џева за местото. Еден парк што го имаат у градот беше малтене руина и затворен со ограда, гужва е, гласно е, прљаво до бесвест, а сообраќајот е пи**у материну. Добро е што најдовме сместување со сопствен паркинг, иначе живот ќе ми се скратеше уште поише, ако требаше секој ден да одиме со кола у градот. За да не бидат само Хемонд и
@marjanot , отидовме и ние да пиеме кафе на тераса што беше малтене дел од езерото.








Ова искуство, комбинирано со посетата на Торино пред некоја година, само ми дава уште поише до знаење дека не би сакал во Италија да одам со сопствена кола која нешто ми значи, и дека италијаните имаат поприлично добра храна и феноменални кафиња.
Во оваа фаза од одморот, поминати се 1177 километри, потрошени 71.9 литри бензин, 96.1 кВч струја, регенерирани 91.7 кВч. Просеците за оваа фаза викаат 6.11 л/100 км бензин, 8.16 кВч / 100 км струја, реген. струја 7.79 кВч / 100 км.
Се вративме од Италија на 02.08, преспавме уште една вечер во приколката и на 03.08. тргнавме накај дома. Вожњата накај дома беше своевидно малтретирање, поради застои, преусмерувања и градилишта на секој втор километар. Како и да е, поминавме 753 километри, потрошени 96 литри бензин, 36.1 кВч струја, регенерирани 32.3 кВч. Просеците за оваа фаза викаат 12.75 л/100 км бензин, 4.79 кВч / 100 км струја, реген. струја 4.30 кВч / 100 км.
Колата не беше приклучувана на екстерен полнач, туку полнењето беше или преку бензинецот, или преку рекуперација / регенерација.
Ако ми се точни математиките, поминавме 2674 километри, за севкупно 42.16 часа, при кои потрошени се околу 270.8 литри бензин (некои 12ина останаа у резервоар откако се вративме), 179 кВч струја, регенерирани 166.9 кВч. Севкупните просеци би биле нешто како 10.13 л /100 км бензин, 6.69 кВч струја, реген. 6.24 кВч.
Штета што времето не ни се погоди, ама па ете, благодарение на имањето приколка и флексибилноста што ја нуди, сепак успеавме да ги искористиме деновите кога времето беше океј и да прошетаме на некои места кои и онака ги имавме на агенда. Успеавме и со точаци да направиме неколку тури до градот, да го посетиме паркот со диви животни во склоп на истиот, и да посетиме еден прекрасен парк во Лихтенштајн.


Колата одлично си ги изработи задачите кои ѝ беа зададени, додека мене лично ми фали поише искуство со возење приколка, особено во рикверц и за паркирање. За среќа, не бев до толку лош, кога ќе се земе предвид дека ова ми беше втор пат во животот да тегнам толкава приколка.
