Бев присутен на форумот ама ме мрзеше да пишам...
Си поминавме супер за време на одморот што си поминавме, бидејќи на дијагностика ни во Аутомакедонија ни кај други мајстори што бев пред одморот не покажа никакви проблеми со ДПФ, за прв пат си реков, чисто превентивно да ставам адитив во колата (прв пат да не е ДПФ адитив) за чистење на наслаги на дизните, како што имаше посочено
@MartinAlfista во темата кај balanar. Бидејќи беше добра прилика од 600 километри во еден правец ставив по 1 шишенце (0.5л)
Liqui Moly Pro-Line Diesel System Cleaner [Diesel System Reiniger] кога одев натаму и кога се враќав назад уште едно во полн резервоар (2x 0.5л вкупно ).
Се размислував доста дали би било такво нешто океј потег или не бидејќи сум малку скептичен околу адитиви генерално, иако во некои од првите мои пораки се распрашував и доста читав околу овие работи, никогаш не се решив да употребам адитив претходно.
Овој пат си реков џабе фрлени пари или не, ќе ставам да видам дали ќе има некаква промена, чисто заради превентива од таложење на карбонски депозити, сепак Liqui Moly се доверлив бренд.
Резултатот е позитивен морам да признаам. Моторот конкретно работи посмирено, ама тоа можеби е резултат на новото масло па да го оставиме на страна, но сепак сега во мирување добивам бројки од 0.7л/0.9л во мирување, додека пред тоа си беше 1.0л/1.2л на борд. Ова претпоставувам е резултат на подобрен spray pattern од дизните и подзачистени наслаги во самиот систем.
На 22-ри јули бев во ПСС на улица Скупи за регистрација која ми истекуваше на 29-ти истиот месец, па завршив работа релативно брзо.
За разлика од претходната година каде ме имаа фатено гужви и речиси 2 саата изгубив. Добив едно гратис перење на колата. Лани исто, ама дека не го искористив во текот на неделата ми истекла важноста и требаше да си платам.
Не се сеќавам колку ме фати точно бидејќи не платив со картичка, но со оглед на тоа што лани 18.000 и нешто ме фати ќе речам пак толку.
P.S. Egremni beach е overrated и не вреди трудот според мене. Порто Катсики е сто пати подобар избор ако се прашам јас. Па уште ми се погодија преголеми бранови и не се влегуваше во водата воопшто, немаше ни како соодветно да се награди трудот за одењето до таму. За водата општо немам коментар, нереално убави нијанси на сина боја, во хоризонтот морето и небото се спојуваат.