Извештај...
За краток период, поминати едно чудо километри...
За Велигден, лагано товарени, 4ца во кола, до Новиград, Истрија, Хрватска, со излет до Умаг, и назад. Поминати 2495 километри, потрошени 169 литри и 110.5 кВч струја, регенерирани 102.5 кВч.
Возено прилично брзо, низ Германија помеѓу 130 и 160, низ Австрија имаше сериозни застои поради санирање на тунелите, Словенија и Хрватска, според знаци, евентуално плус 10.
На враќање, застој на Караванке, пак тунелите низ Австрија, и практично до Минхен, откако влеговме во Германија. Имаше пар бркања до макс. и ете колата ми тури до знаење дека возам брзо, пошо на 187 км/ч почна да ме кара, исто како и една апликација на телефонот


Просеци според информациите извадени преку апликација:
- бензин 6.77 л/100 км
- струја 4.43 кВч/100 км
- рег. струја 4.11 кВч/100 км.


После тоа, еден ден пауза, земавме приколка, па у средата тргнавме накај Ренесе, Холандија, да правиме пробен одмор, пошто на лето сакаме со приколка да идеме у Австрија.

Приколката е Adria Altea 552 PK, 7.6 метра вкупна должина, цирка 1400 килограми тешка.
Имавме мала беља у старт, се откачи помошното тркало уз возење, па се враќавме назад да го сменат, и тоа пролонгираше време и истанчи нерви.
До кампот имавме 285 километри, возени максимум до 110 км/ч, најчесто помеѓу 90 и 105 на темпомат.
Првпат тегнам приколка, па ете, ново искуство... Бара менување на начинот на размислување за возење, пошто возиш композиција, не само едно возило, и целиот склоп понекогаш чудно се однесува. Претицање и враќање у лента знае да биде терсене, ветер се осеќа лајк а мадафака, и сето тоа така „фино“ си влијае на потрошњата.
Како и да е, стигнавме у кампот, поставивме приколка, се одморивме неколку дена. Во петокот направивме излет до
Keukenhof (помеѓу Хаг и Амстердам), во саботата тргнавме назад.

Поминати 900 километри, потрошени 95.1 литар бензин и 61.1 кВч струја, регенерирани 45.3 кВч.
Просеци:
- бензин 10.56 л/100 км
- струја 6.79 кВч/100 км
- рег. струја 5.04 кВч/100 км.