Нов апдејт:
Извозени 1000 (и ситно) км откако ја купивме колата, претежно низ град и регионални патчиња, со ретки и кратки излети на автопат.
За тие што ги интересира, компјутерот кажува 3.7 л/100 км за изминатите 1005 километри со просечна брзина од 42 км/ч, и 2.9 л/100 км за последните 100 километри.
Резервоарот кажува нешто над 1/4 полно (60 литра е волуменот) и предвиден досег од 160 км. Батеријата во моментов е полна, со предвиден досег од 63 км.
Груб просек на електро-досег до сега, би рекол некои помеѓу 65 и 70 километри, во зависност од условите на патот и начинот на возење.
Батеријата најчесто ја полниме кај мене или кај жена ми на работа, или дома. Дома досега имаме потрошено 55 кВч за полнење на батеријата, што ќе му дојде 19.25 евра.
Ако грубо израчунам дека до сега се потрошени некои 15 литри бензин, по провизорна просечна цена од 1.8 евра/литар, тогаш отприлика би му дошле 27 (бензин) + 19.25 (струја) =46.25 Евра за гориво за 1000 км.
Јас сум заљубен во колава.