Автор Тема: Volvo V60 Recharge Inscription  (Прочитано 13813 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #45 на: 13 Декември 2023, 10:28:29 am »
180 е повеќе од доволно за на аутобан, можеш и 300+ да возиш, ама која е поентата. Колку време ќе возиш под жив стрес, 15 мин, 20 ? Невозможно е, преголема брзина бара 110% концентрација, секогаш може да се најде некој абдал да скршни да претекнува со 110 или друга ситуација.

Poslano sa mog GT-I9505 koristeći Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #46 на: 13 Декември 2023, 11:46:27 am »
У Германија барем има места каде се вози над 200 без проблеми, но како што кажа среќниот сопственик, не му значи тоа ништо и така не вози толку брзо, сосем доволно е макс од 180.

На тие места си возам 160+ што за мене ми е сосема доволно за лабаво едрење на полу-празен пат. Кој сака со 200+ да лета, тогаш било кој хибрид е сосема погрешна кола за такво возење.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #47 на: 13 Декември 2023, 11:46:56 am »
Се сложувам дека е доволно 180, ама зошто со таа коњажа да е ограничена на толку. Нема бркање со овие коли на автопат,  секогаш ќе изгубиш, а стално има некој тркач позади тебе што ти вози на браник :D  Нормално дека е небитно тоа, ама мене би ми било криво.
« Последно менување: 13 Декември 2023, 11:53:04 am n1kola »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #48 на: 13 Декември 2023, 12:37:03 pm »
Највеќе служат купишта коњи за претекнување на кривулест пат. Тука е најголемиот бенефит. А за автопат со 150кс си крал на патот, секако над 200 ќе оди, ако не е сув шифоњер колата.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #49 на: 13 Декември 2023, 16:04:46 pm »
Волво не е кола за оние со комплекс на мали нешта ;D

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #50 на: 13 Декември 2023, 23:02:47 pm »
Со здравје да се вози!
Караван кола не е за +200 да се вози, караван е за 150-160 да лебди на патот. Седан на 160км и караван 160км е небо земја...
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #51 на: 13 Декември 2023, 23:31:47 pm »
Прекрасно ауто. Секоја чест на изборот.

Со здравје да си го возите. Многу безгрижни километри.

И на ваква кола, маани наоѓате...

Sent from my Xiaomi 13T


Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #52 на: 14 Декември 2023, 17:51:33 pm »
Одлично, со здравје да се вози, супер избор!

Еден другар зема ХС90 Т8, го вози како класичен хибрид и мислам доста брзо на отворено, потрошувачка смешна за 440кс и неупотреба на полнач, 10.5Л просек на 5.000км што ги помина.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #53 на: 14 Декември 2023, 21:12:16 pm »
Со здравје да се вози и на убави места да ве носи.

Може да ми го објасниш делот со потрошувачката. 0,8л на 100км градска потрошувачка. Тоа е првите 100км, потоа наредните се полни батеријата, или константно троши помалку од 1 литар во град?

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1077
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #54 на: 14 Декември 2023, 21:39:24 pm »
Со здравје да се вози!
Караван кола не е за +200 да се вози, караван е за 150-160 да лебди на патот. Седан на 160км и караван 160км е небо земја...
Пиши еден маил до Ауди кажи му дека згрешиле со перфомансите за ауди рс6, и со наредното сериско произвоство да ја лимитират крајната бризна на 150км\h  а не како до сега шо му е на 280км\h

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #55 на: 18 Декември 2023, 10:00:49 am »
Апдејт 1...

Колава е феноменална. Сите сме презадоволни од изборот што го направивме, и уште повеќе, што ете успеавме со невестата да си исполниме уште една огромна желба.

Вожњата е удобна, иако понекогаш на некои локални патчиња малце премногу се осеќаат и слушаат нерамнините. Кога е на струја, тишината е дури малце застрашувачка, ама комфорна.
Тегне ко лудо малтене на најнежно „цапнување“, и безосетно забрзува до кај 170. При возење на отворено, активирањето на бензинецот е комплетно безосетно, додека на пониски брзини се слуша и се осеќа кога се активира.

Колата си препознава со кој клуч е отворена, и си ги подесува преференците соодветно - седишта, ретровизори, клима, радио итн. Тоа на моја голема радост, пошо не морам да се замарам со подесување на седишта :)

Тоа што порано мислев дека е „гимик“ сега ми е веќе секојдневие - отварање / затварање на багажникот со „мафтање“ на ногата под браник. Убавина што никад не сум очекувал дека ќе ми се најде :)
Она што не знам, е дали може да се стопира багажната врата на сред отварање, ако ете не сакам целата до крај да се отвори. На пример, во гаража со низок таван и слично.

За потрошувачка е малце тешко да се пресмета, поради начинот на кој што се троши горивото. „Регуларна“ математика ќе биде тешка да се изигра, поради полнењата со струја, и возењето на бензин, кога батеријата ќе се истроши. Како релевантни информации ќе ги земам податоците од апликацијата на телефон, пошто иначе стварно е тешко да се држи чекор. Апликацијата си има дневник, каде што се заведени сите податоци за возењето - времетраење, дистанца, потрошувачка / регенерација на струја, севкупна потрошувачка на гориво итн. Секако е подобро осмислена и направена, од било кој Ексел што ќе се измалтретирам да го дотерувам, или од постоечките апликации кои ги користев до сега: Fuelly и Spritmonitor.
Бензин наточив 30 литри кога ја купивме, покажа малце над пола резервоар. До сега имаме поминато 458 километри, индикаторот вчера се спушти на пола резервоар. Според апликацијата, просечна потрошувачка до сега е 4,2 л / 100 км.

Некој имаше спомнато да споредам со Инсигнијата. Не се споредува. Во никој аспект.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #56 на: 18 Декември 2023, 10:14:34 am »
Повели, се лимитира до кај да се отвара. https://www.volvocars.com/uk/support/car/v60-twin-engine/article/cfdb041f8356e858c0a8015138e4861a


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #57 на: 18 Декември 2023, 10:27:54 am »
Апдејт 1...

Колава е феноменална. Сите сме презадоволни од изборот што го направивме, и уште повеќе, што ете успеавме со невестата да си исполниме уште една огромна желба.

Вожњата е удобна, иако понекогаш на некои локални патчиња малце премногу се осеќаат и слушаат нерамнините. Кога е на струја, тишината е дури малце застрашувачка, ама комфорна.
Тегне ко лудо малтене на најнежно „цапнување“, и безосетно забрзува до кај 170. При возење на отворено, активирањето на бензинецот е комплетно безосетно, додека на пониски брзини се слуша и се осеќа кога се активира.

Колата си препознава со кој клуч е отворена, и си ги подесува преференците соодветно - седишта, ретровизори, клима, радио итн. Тоа на моја голема радост, пошо не морам да се замарам со подесување на седишта :)

Тоа што порано мислев дека е „гимик“ сега ми е веќе секојдневие - отварање / затварање на багажникот со „мафтање“ на ногата под браник. Убавина што никад не сум очекувал дека ќе ми се најде :)
Она што не знам, е дали може да се стопира багажната врата на сред отварање, ако ете не сакам целата до крај да се отвори. На пример, во гаража со низок таван и слично.

За потрошувачка е малце тешко да се пресмета, поради начинот на кој што се троши горивото. „Регуларна“ математика ќе биде тешка да се изигра, поради полнењата со струја, и возењето на бензин, кога батеријата ќе се истроши. Како релевантни информации ќе ги земам податоците од апликацијата на телефон, пошто иначе стварно е тешко да се држи чекор. Апликацијата си има дневник, каде што се заведени сите податоци за возењето - времетраење, дистанца, потрошувачка / регенерација на струја, севкупна потрошувачка на гориво итн. Секако е подобро осмислена и направена, од било кој Ексел што ќе се измалтретирам да го дотерувам, или од постоечките апликации кои ги користев до сега: Fuelly и Spritmonitor.
Бензин наточив 30 литри кога ја купивме, покажа малце над пола резервоар. До сега имаме поминато 458 километри, индикаторот вчера се спушти на пола резервоар. Според апликацијата, просечна потрошувачка до сега е 4,2 л / 100 км.

Некој имаше спомнато да споредам со Инсигнијата. Не се споредува. Во никој аспект.

400 коња 4.2 л/100км, фамилијарно количе, со прекрасна ергономија и дизајн.

Living the life!

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #58 на: 18 Декември 2023, 11:46:38 am »

Вожњата е удобна, иако понекогаш на некои локални патчиња малце премногу се осеќаат и слушаат нерамнините.
Добро што е работава со новите коли и таканаречениот road noise? И мојата Skala пренесува повеќе бука од претходните мои Corsa D i Astra G. Наместо да се напредува во тој поглед се назадува кај повеќето коли.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #59 на: 18 Декември 2023, 12:12:18 pm »
Со здравје да си го возите. Честитки....
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.