Апдејт.
Поминати 1533 км, и дотурени 20 литри бензин. Првото полнење беше 30 литри, на 08.12.2023, кога ја купивме колата, второто еве вчера, на 18.02.2024, после поминати 1533 километри.
Ни препорачаа, а и во мануелот така стои, да не се полни скроз резервоарот, освен ако не се планираат подолги патувања, пошто после извесно време, некое сензорче во резервоарот ќе јави дека горивото е застарено и ќе мора да се потроши, и да се надополни ново. Во такви ситуации е исклучена можноста да се вози на електричен погон, пошто системот воопшто нема да го активира електромоторот, додека старото гориво не се потроши, или барем доволно измеша со потазе.
Мојата актуелна позадина на телефон
А да, фина работа...
На апликацијата ми сигнализираше дека сум заборавил отворен прозор:
Убаа работа