Уствари не е задолжително ни за моето возило, по желба е.
Полиција и Противпожарна препорачуваат електрични, плаг-ин и регуларни хибриди да имаат „Е“ на таблицата, за у случај ако треба да интервенираат спасувачки служби, да имаат одма предвид дека се работи за возило со батерии, компоненти под висок напон итн.
На некои места сеуште може бесплатно да се паркира, ако имаш „Е“ таблица.
Ако добро разбрав едно видео на АДАЦ, на јавен паркинг каде што има ваков дополнителен знак:
смееш да паркираш само ако имаш „Е“ таблици. Дури ако имаш хибрид или електрично, а немаш „Е“ таблица, чинам дека не смееш да паркираш таму.