Реално DQ200 не сака возење во градски услови. 1-3-5-7 и 2-4-6та се брзините на двете квачила распоредени. Мехатрониката (особено кога е во еко режим) секогаш ги шалта сите под ред за да стигне до 5та или 6та на 50-60км/ч. На суво квачило секогаш има повеќе триење додека актуаторот добро ја залепи плочата на самиот замаец. Ако употребуваш едрење во секоја брзина во која едриш одлепува од замаец. Ако комбинирање едрење со кочење, тогаш во моментот кога стискаш на кочници, актуаторот на квачилото ја лепи ламелата на замаецот (нормално со мини доза на триење).
Целиот овој процес создава огромни количини на топлина и поради тоа што е сув менувач (ламелите не се потопени во течност/флуид) таа топлина многу влијае и на ламелите, на актуаторите, маслото во менувачот и на самата електроника во менувачот. Со тек на време се истрошуваат ламелите, има многу вибрации (затоа што во реалноста тоа е роботизиран рачен менувач) и комбинирано со бавно градско возење уствари ти полека си ги уништуваш и потрошните и непотрошните делови по самиот менувач. Е сега во уште помали гратчиња кадешто нема долги булевари и мали улички, кадешто многу има прва-втора-трета-втора-прва + мини едрење и кочење целиот овој процес уствари се мери во работни часови, а не во километри и целиот процес е многу многу многу полош и поизразен.
Дури и кај посилните бензинци со 1.5тси и 2.0тси го имаат истиот проблем на потскокнување, особено рикверц-прва-втора-прва-рикверц кога се паркираш или ептен забавуваш во прва без гас. Тоа на пример мене страшно ме нервираше во тест возење или рент-а-кар кога паркирам затоа што осетот е како да си пресно во автошкола и да не си навикнат на отпуштање квачило и колата скока.
Со други зборови, ти немаш проблем, но полека со таков тип на возење ќе ги истрошиш и ламелите и ќе ја “измориш“ мехатрониката со актуаторите на менувачот. И кога ќе цркне, потрошните делови ќе бидат доволно истрошени за да не ги покрива гаранцијата, а мехатрониката сам ќе си ја репарираш пошто ќе излезе од гаранција. Ако ја сервисираш редовно во официјален, можеби и ќе ти излезат во пресрет да ти средат некои работи по менувачот.
Ситуацијата некаде се подобрува со софтверски апгрејди или со репарација на мехатрониката и промена на двете ламели. Ама дури да го сменат со нов, пак ќе ти се појави истиот проблем.
Затоа ако е ДСГ само со “мокри ламели“ иако и тоа не е гаранција дека нема да се појави истиот проблем (иако е многу многу поретко, особено со редовно менување на флуидот на секои 60к).
Инаку, ова е една од причините зошто во 2021ва не купив кола од ВАГ групација со бензински мотор! Треба кодот на мотор да го погодиш со кодот на ДСГ менувач за да знаеш дали е надежен или не. Саше со Аудито директно рипна на ZF за да не го јаде стапот. Иако 2.0тди со 6 брзини би требало да е ОК, или новиот DQ381 исто така.